После неколку теми на форумов, да се претставам и јас со моето возило.
Станува збор за Opel Astra H 1.4 66KW купена од Автокуќа во мај 2006 година а од декември 2016 јас сум втор сопственик на колата. Моментално има поминато 135900 километри, а од кога е кај мене околу 2000 километри за 6 месеци. Од кога е купена, додека ја купив јас е редовно сервисирана во Автокуќа со заведена сервисна историја. Јас не планирам да ја сервисирам таму, така да најверојатно Ауто Цем или некој од другиве сервиси ќе биде местото каде што ќе ја носам.
Бидејќи има Cosmo опрема ги поседува следниве работи:
-серво волан, прилагодлив по висина и длабочина
- 4 AIRBAGS
- ABS
- ESP
- централна брава со далечинско
- електрика на предни стакла
- браници, кваки и ретровизори во боја
- електрично прилагодување на ретровизори и греење
- радио цд/мп3 со 7 звучници
- борд компјутер
- возачко седиште со висинско прилагодување во 4 насоки
- алуминиумски бандажи 6.5Ј x 16”, Гуми 205/55 R16 Bridgestone Touranza T001 x2 (предни, купени во март) и Bridgestone Touranza ER300 x2 (задни, незнам кога се точно купени, дојдоа со колата и планирам да ги возам уште оваа сезона). Покрај тоа има и 4 зимски Dunlop гуми возени 2 сезони (не ми текнува точниот модел во моментов)
- Автоматкски клима уред
- кожен волан со радио команди
- кожни седишта
- автоматски светла и бришачи
- магленки
- темпомат
- паркинг сензори
- греачи на предни седишта
- сензор за притисок во гуми
- прскалки за фаровите
- хромирани лајсни на вратите
- Инсигниа прскалки за шофершајба (сменети од моја страна)
Можно е да имам пропуштено нешто, меѓутоа во глобала тоа е тоа.
Неодамна направив голем сервис со следниве работи:
- Сменет е дихтунг на глава, на мое барање израмнета и главата (иако претходно немало никаков проблем нити била рамнета), карики (на мое барање), водна пумпа бидејќи до сега не е сменета а и веќе почна да пушта, дихтунг на картер, дихтунг на егр, уље и филтер, свеќици, нов антифриз и некои останати мали ситници.
За 500-1000 километри ми кажаа да одам пак на проверка чисто да се провери дали е се затегнато како што треба.
На мое барање е направена комплетна проверка на моторот и на моја среќа, за поминати скоро 136000 километри е како од фабрика излезен.
Се на се задоволен од услугата, а и од цената со оглед на фактот дека е овластен сервис кој ми даде 2 години гаранција.
Работи кои планирам да ги досредам се:
- Менување на кожинките на менувачот и рачната кочница (добро би било ако може некој да ми препорача дали може некаде во Скопје да ги средам/набавам)
- Гуртни за задните кочници
- Предни пиксни
Потрошувачката се движи од 7-9 литри на градска вожња а на отворено знае да оди до 6 литри. Со оглед на годините, потрошувачката и опремата што ја поседува сум прилично задоволен.
И на крајот неколку слики од возилото од надвор
Штом најдам време ќе сликам и од внатре.