Мал апдејт бидејќи одамна не е пишано во темата
Моментално сме на 141000 км, и откако е во мое сопствеништво за околу година и половина има поминато 7-8000 километри. Знам, некој ќе рече па ти не ја возиш, зошто ти е тогаш колата, зошто си ја купил, итн. Колата се користи претежно за меѓуградска вожња и по потреба за низ град евентуално ако има потреба. Повеќе сакам да пешачам отколку да седнам во кола и да се нервирам со градска вожња низ гужви.
Од аспект на техничко одржување нема нешто многу да се спомне бидејќи и немало многу потреба да се работи на неа.
Последно што е направено е тоа дека се сменети комплет чаури на предни вилушки кај Тихо на Илинденска и направено центрирање. За во блиска иднина ми останува промена на преден десен лагер бидејќи има мала луфта и понекогаш се слуша некој звук (единечно удирање во летвата од воланот кога вртам на десно). Дечките беа сигурни дека е од лагерот ама јас би сакал и второ мислење, па ако има некој да ми препорача друг мајстор за проблематикава слободно препорачувајте.
Во мај планирам да менувам уље и филтри за воздух и полен како дел од редовните одржувања.
Од аспект на ентериерот, сакам да ги сменам кожинките на менувачот и рачната бидејќи се дотраени. Тука влегува и возачкото седиште кое на едно место е закинато од стани/седни и би сакал да го средам бидејќи ми боде очи. Ако некој знае добар мајстор за ова да ми препорача би бил благодарен.
Една од работите од кои сум задоволен е потрошувачката. Летоска извозено Скопје - Будва - Скопје со просечна потрошувачка од 5.5 литри на 100 км. Градска и меѓуградска вожња сега за сега ми покажува 7 литри што е сосема ок.
Сега за сега би било тоа