Како и секое BMW, си бара M-пакет за да личи.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мене ми се свиѓа како изгледа. Ја нема онаа старата елеганција, и не ми се свиѓа што ги споија фаровите со бубрезите напред (ко лептир-машна е малку), ама добро е.
Според мене после е39-та нема убава 5ка, се претерува на со непотребни детали и размери.
кај го видовте кичот на оваа кола незнам само
Идејата на 5ката е елегантна бизнис лимузина со надпросечни перформанси...ама тоа еволуираше правопропорционално со модерните бизнисменчиња кои како иде времево се помлади и помлади се па бараат ,,поспортско“ понакинџурено со сијалички со 20 различни бои во внатрешноста, лајсни, украси итн да бидат повоочливи...од таму кичот.
И покрај тоа што сум голем обожавател на BMW, признавам дека актуелниот Audi A6 има поубав кокпит и од надвор повоздржано делува како што и прилега на класата, со тоа што не треба сите коли да им бидат идентични, станува се потешко да ги разликувам А4 од А6 и А8..али ова е мојот вкус, не мора да биде така се разбира.
Моментално oд BMW освен 3ка со М-пакет и 6 Gran Coupe ништо друго не ми се свиѓа.