Здраво дечки, ова е мојот прв пост на форумов, ми треба препорака каде да ја однесам колата на фарбање во Скопје? Жена ми ја опали старо-новата кола па сега ми треба фарбање на хауба и браник. Не сакам да поминам ефтино, туку сакам да биде направено асално
Второто прашање е препорака од каде да нарачам браник? Станува збор за преден браник за BMW E90 (facelift од 2011). Се обидов преку М Кар, ама треба многу да чекам, па контактирав неколку набавувачи на авто делови од Пазар3, едниот дечко ми прати линк кој дознав дека е од бугарска продавница, еве го конкретниот браник:
http://www.autokelly.bg/Product/14-55-253/480503/39849642;39850140;150855;157750;160589;32018310;32134826;34947164;33051979Има некој искуство со нарачување на делови од овде? И, исто така, во што би се разликувал овој aftermarket браник од оној што би го нарачале од М Кар - eластичност, дебелина на пластика...?
И како едно под-прашање, пропратно со овие поправки сакав да го префарбам и задниот браник бидејќи го купив со една голема гребаница и кога се распрашував во Новус ми рекоа дека може да се префарба само пола од браникот и воопшто да не двои бојата - има вистина во муабетов или ми прават филм?
Поздрав