Да каже некој што повеќе се разбира, зошто овие скутери се над 6 илјади евра? Дали тоа е нормално – ало, скутер над 6 сома..
Таман си е цената. Правиме муабет за скутер со 35 коњи и максимална брзина од 145km/h. Воопшто не се за потценување, и мислам дека без проблем би се носеле на отворен пат. Познавам луѓе кои заминале од Охрид до Будва, на пример, со Beverly 300/350, кои се и послаби од ова. Не гледам забава во возење ваков скутер на отворен пат, ама за низ и околу град е феноменална солуција. Чисто за споредба, претходниот мотор кој го имав, беше 47 коњи и максимална брзина од околу 165km/h, а беше 500cc naked двоцилиндраш.
Патем, скутериве одамна се излезени од контрола, не-кинески варијанти од 350-400 кубици почнуваат од околу 5,000 евра. Yamaha TMAX Tech Max, на пример, е лабави 18 илјади евра.