Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
имам положено за Б-категорија би сакал да полагам за 150cc-250cc како одат тие во кои категории спаѓаат ? колку кошта полагање часови и слично ?
Додека е свежо, може ќе му затреба на некој.За полагање А категорија со постоечка Б, потребно е:- лекарско уверение - 1.200 ден. (јас извадив во Поликлиника Медика плус во Аеродром)- уплата за часови за А-кат - 15.000-18.000 ден. зависно од авто школатаСе слушаат 2 дена по ца. 3 саати теорија (присуството е задолжително и се снима со камера)Се возат 8 дена, односно 16 часа. Првите 2 дена (4 часа) е на полигон на АСУЦ, еден ден (2 часа) е ноќно возење. * 1 час е 45 минути.- за користење на полигон се плаќа 100 ден. за 2 часа, т.е. 200 ден. вкупно- за пријава за полагање потребно е да се однесе уверение за завршено најмалку основно училиште, заверено на нотар, 340 ден.- се пријавува во испитен центар на АМСМ за полагање, 2825 ден. + 310 ден. административна такса- на денот на полагање се плаќа 180 ден. за користење на полигон за полагањеТеорија не се полага, туку само полигон и градскаПолигон е тргнување по права линија во прва брзина и промена во втора, полукружно и назад по истата линија се застанува на означено место. Се симуваш од мотор и го туркаш моторот надвор од означеното место. Вртиш полукружно и се местиш за старт на осмици (чуњеви)Казнените поени од полигон и градска се сумираат- се закажува во МВР за нова возачка дозвола и возачка книшка и се плаќаат вкупно 559,39 ден. за изработка и административни такси (101,07 + 172,89 + 284,76)сума: 20.614,35 денари
@Hardboy земај го ова
Ке го прашам колегава, од Куманово до Велес носеше моторче,па ке ви пишам што како. Sent from my SM-G998B using Tapatalk
Јас прашував лани летото еден за од Струмица до Скопје 6000 бараше и не се договоривме.