Сум заборавил да пишам на тема проблем со моторчето...
Чекав некако да се договориме со еден мајстор, па едвај бидна. Го однесов, го среди, моторот пали и работи тип топ.
Заменета свеќица NGK (старата била замастена изгледа), туле на свеќица, некоја гума била распукана со тек на годините најверојатно (како што видов по сликата, изгледа е некоја што оди воздух преку нејзе), карбураторот исчистен и штелуван наново.
Наплатено 3.700 денари. Скапо можеби, не знам... Но битно ми е дека моторот сега е како што треба.
