Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
@vlatko.klp да нарачана е со многу опрема, Apple Car Play и Google Car се вклучени кон таа опрема заедно со ACC и DCC.
Нов апдејт, како што тргнала работата изгледа ќе морам да си почекам со доставата. Производствената недела е поместена за 6 недели од првобитно најавената (требаше да биде 19-25 Јуни), сега се очекува последна недела од Јули, што е поместување за 6 недели.Колку што знам поднесена е поплака да биде малку порано од новата најава, во спротивно постои можност да се пробие рокот од 90 дена од денот на уплата како што стои во договорот.Поука: Ако не ви е до толку битна опремата или бојата секогаш земајте си што има на залиха бидејќи постои можност и за поголема одстапка при попустот. Јас само се надевам дека ќе бидам жив да ја дочекам оти дотогаш срцето ќе ми откаже од возбуда и нервози.
Нарачав нов Голф МК7 ГТИ фејслифт, 169кв или 230кс, 2.0 ТСИ мотор. Очекувам испорака некаде крај на месец Јули.
Мене повеќе ме нервира фактот што не третираат како инструмент за да шмркнат пари а не како клиенти. Ние сме тие од кои ќе ги соберат парите за да се угојат а не сме тие поради кои постојат и на кои треба да удоволат...
Јас да бев на твое место ќе одев до Wolfsburg
Ima na glava da im stojam Mene Japan daleku mi bese inace