Update на ситуацијата
Шарките на вратите, најпрво ги исчеткав од прашина и ги испрскав со WD-40, па со машински масло. Подобрувањето беше минимално.
Гумите и кедерите ги поминав со срество за гума, и не забележав видливо подобрување.
Пластиките на вратите, шал таблата и другите пластики ги поминав со средство од Сонакс не знам како точно се вика, мислам дека беше околку 280ден. на Макпетрол, без никаков ефект.
Е слушнав дека за да има ефект на омекнување на пластиката средството требало да биди на база на силикон а Сонакс-овото не е и тоа е строго наведено.
Дали има некој некаво искуство со силиконско средство за пластичните делови од кабината? Дали има некакви штетни ефекти од примена на вакво средство?