Автор Тема: Ве молам за помош при купување на Ново возило!  (Прочитано 25343 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #30 на: 25 Април 2017, 16:22:32 pm »
Глеам ме цитираш, ти би дал 16 000 за било која кола со 90кс?

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #31 на: 25 Април 2017, 16:49:25 pm »
Kupi si kola najmnogu kejf sto ti pravi. Ni konji se bitni ni 16000 eu za 90 ni nishto. Ako ne ti pravi kejf i gratis da ti ja davaat dzabe e. Vlezi vo leon, vozi go, ako izlezes srekna nasmeana, toa e toa. Posle samo za boja pregovarajte  :-D p.s. I toyota corrola 4d-d ili kako i da bese dizelot e 90 konji, pa pak kolata e ok i okolu 16k e so luna oprema

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #32 на: 25 Април 2017, 17:12:14 pm »
Дечки, чисто да ве информирам дека со брат ми остануваме на двоумење помеѓу две коли: Лаонот 1.6 90кс (15.950), и Фокусот 1.5 TDCi со 95 КС (14.500), е сега која, уште се туфкаме.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #33 на: 25 Април 2017, 17:25:59 pm »
Frlajte paricka :-)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #34 на: 25 Април 2017, 17:36:53 pm »
Искрено подобра понуда од оваа на Рено по повод 10 години Аутомотив груп, тешко да се најде.
http://www.renault.mk/posebna-ponuda/megane/
Неможам да отворам понуда тука.


Ауууу еве го се симна PDFто. 287МБ ПДФ со некомпресирани слики за каталог. Јас си реков интернетов нешто ми се успорил.

Океј се отвори. Не гледам цени. Може да дознаеме цена за меганот 1.5дци со темпомат/бандажи/аутоклима/мп3 некако?

Дечки, чисто да ве информирам дека со брат ми остануваме на двоумење помеѓу две коли: Лаонот 1.6 90кс (15.950), и Фокусот 1.5 TDCi со 95 КС (14.500), е сега која, уште се туфкаме.
Што и да изберете нема да е страшно. Со среќа потрагата. Исцедете им го појакиот мотор од Леонот 105-110кс и терајте.

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #35 на: 25 Април 2017, 17:50:16 pm »
Му рекле денес на брат ми, наводно само тој моор им билм :-[ :-[

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #36 на: 25 Април 2017, 17:51:00 pm »
* Наводно само тој мотор им бил. :-\ :-\

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #37 на: 25 Април 2017, 18:03:06 pm »
Исто ја имате и Toyota-тата во понуда



Само е со 1.33 мотор, така што, што знам. Сепак цената е доста привлечна.


Јас лично би одел на Seat. Дали дизел/бензин зависи од тоа каква понуда би ми дале.

Претходно би одел со Октавија, ама редизајнов ми е толку грд што нема теоретски шанси.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #38 на: 25 Април 2017, 18:22:01 pm »
За мене доколку би барал мала кола за секој ден за тие пари би го земал ова на старо http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=239255789&scopeId=C&isSearchRequest=true&damageUnrepaired=NO_DAMAGE_UNREPAIRED&makeModelVariant1.makeId=24100&makeModelVariant1.modelId=31&pageNumber=1&fnai=prev
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #39 на: 25 Април 2017, 18:30:27 pm »
Фокусот е постар модел, ќе излезе нов во 2018, леонот има уште 2-3 години додека го сменат со нов. И двете коли се со фејслифт верзии, значи сите бебешки болести им се отстранети, нека не те лаже тоа што фордот има 5 коњски сили повеќе, многу е потежок од леонот и заради тоа сигурно ќе биде и потромав. Ако можеш пиши тука со што опрема одат за таа цена. Мислам дека фокусот е со тренд ниво на опрема, а за леонот не знам. И двете се стварно добар избор, ама не гледам некоја голема оправданост леонот да биде 1500е поскап, освен нели ако има побогата опрема. Значи ако за таа цена имаат приближно иста опрема тогаш би одел на фокусот, ако има голема разлика во опрема тогаш би одбрал леон.

Едит.
Сега ги разгледав понудите на официјалните страни.
Кај леонот добиваш повеќе:
1) 5 инчен тач мултимедијален уред
2) блутут
3) преден наслон за рака
4) електрика на ретровизори
5) паркинг сензори
6) ДРЛ ЛЕД светла
7) двозонски климатроник
8) алуминиумски фелни

Доста голема разлика во опрема, значи ја би земал сеат леон  ;)
« Последно менување: 25 Април 2017, 18:40:36 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #40 на: 25 Април 2017, 18:37:01 pm »
Стандардна опрема
6 воздушни перничиња (2 предни + 2 странични + Систем за контрола на пролизгување ASR + Систем против
 2 воздушни завеси) блокирање на сопирачките ABS
 Електронска контрола за стабилност ESC + Индикатор Систем за автоматско сопирање по незгода
 за притисок во пневматици Потсетник за сигурносен појас за возачко седиште
 iSOFIX и Top Tether закачалки за прицврстување на 2 Челични фелни Urban 15" 30/1 со раткапни
 детски седишта на задната клупа Рачки на вратите и куќишта на ретровизорите во боја на
 Сокриена единечна издувна цевка каросерија
 Хромирана рамка на решетката напред Електрика на предни стакла
 Централно заклучување со два клуча со далечински управувач Електрично прилагодување на надворешни ретровизори
 и селективно отворање на багажникот "Доаѓање дома" функција за светла (со мануелна активација)
 Халогени предни светла со двојна оптика и со светла за дневно возење Полуавтоматски клима уред "Climatic"
 "Media System Touch" - Аудио систем со 5" монохромен екран чувствителен Индикатор за препорачан степен на пренос
 на допир + MP3/WMA + читач за SD картички + USB + Aux-in + 4 звучници Светла за читање напред, светло во багажникот
 Борд компјутер со индикатор за надворешна температура 12 V приклучок напред
 Комфорни предни седишта Внатрешност во црна боја
 Прилагодување на возачко седиште по висина Задна клупа асиметрично преклоплива 1/3:2/3
Дополнителна опрема
PAK Паркинг сензори, позади
PE6 Електрика на стакла, позади
PHM Греење на надворешните ретровизори
PXM Дневни светла, LED
RB2 Media System Colour - Radio CD со MP3 - приклучок за SD
картичка иi USB - Touch screen 5" во боја - Bluetooth -
Aux-In приклучок
WH2 "Climatronic" автоматски двозонски клима уред
WPG Пакет "Lifestyle": Алуминиумски фелни 16" Design 30/1, мултифункционален управувач,
 светла за магла со функција за аголно осветлување
WST Пакет за складирање за Reference Фиока под возачкото
седиште Наслон за рака напред со подесување по висина и
должина Издуви за воздух назад
 * Бела боја
- Целава оваа опрема е во истата цена! За Леонот

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #41 на: 25 Април 2017, 18:41:23 pm »
^
Пишав веќе погоре ;)
Зини да ти кажу.

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #42 на: 25 Април 2017, 18:46:19 pm »
Извини. Во исто време можеби сме постирале.
Фала во секој случај!  :) 8)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #43 на: 25 Април 2017, 20:08:10 pm »
Пакујте Леон ако е вака убаво опремен. И немојте бел, молим вас! ;D

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #44 на: 25 Април 2017, 20:09:59 pm »
и ние не го сакаме бел, ама не знам дали имаме избор за таа цена... Да се препраша