За извоз се штелуваат.
Не верувам дека некој ќе се замара да штелува километража на кола за експорт..
Тоа се дешава откако ќе се импортира у друга држава..
Обично, во Швајцарија кола која што е за експорт не вреди повеќе од 2-4000 франци.. За тие пари верувај никој нема да се замара со километража за да ти чари 200-300 франака..ситница
Подетално, можда ќе му користи и на авторот на темата:
Секоја кола у Швајцарија мора да помине строг технички преглед (MFK (deutsch), Expertise (French), Collaudata (italian)).
За да помине кола на ова, мора да биде у тип топ состојба.
- Да нема рѓа никаде, најголеми проверки праат на подот,
- Да нема никакви остатоци од уље на моторот или менувачот,
- Подот и моторниот простор заедно со моторот да бидат перфектно чисти,
- Да нема никаква луфта или да фали нешто на подвозјето,
- Системот за кочење го проверуваат екстремно, ги мерат колку се изедени дисковите (ако се испод некој нивни стандард, паѓаш на технички),
- Гумите мора да бидат солидни, над пропишаниот минимум или на минимум на крај на сезона,
- Светлосниот систем да биде перфектен.
- Ентериерот да биде очистен и да биде комплетно функционален (збориме за вентилација, електрични прозори, појаси, воздушни перници и остало)
Кола со поминат технички и истата кола без технички може да се разликуваат од 2-3000 франци у цена, бидејќи една припрема за технички (од овластена гаража) обично кошта преку 600-1200 франака, доколку нема големи поправки.
Секоја кола што паѓа технички нема право да се вози повеќе у Швајцарија, доколку не се врати у технички исправна состојба. Обично ваквите кај нас идат.
Затоа, доколку некој бара кола тука, би му препорачал да бара со тазе технички преглед (обично гаражите/плацевите сами се нудат да направат сервис и да ја поминат технички на денот на купопродажбата). Со ова би бил сигурен дека возилото нема сериозни проблеми т.е е во безбедна и возна состојба.
Без технички може да се начека бмв 7 за 3-4000 франака, ама па секој што ќе го земе нека очекува уште толку за добро утро...
Толку од мене..