Автор Тема: Увоз на половно возило  (Прочитано 15250 пати)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #45 на: 19 Април 2017, 07:44:46 am »
И од одржувани мотори до неодржувани мотори. :D

Бузуки ако најдеш JTD-CDTI 1.9 до кај 150 мааааакс 200, 000км на коњ си. Ќе му се изнавозиш :)
« Последно менување: 19 Април 2017, 07:50:06 am howitz »
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #46 на: 19 Април 2017, 12:46:59 pm »
За извоз се штелуваат.

Не верувам дека некој ќе се замара да штелува километража на кола за експорт..
Тоа се дешава откако ќе се импортира у друга држава..

Обично, во Швајцарија кола која што е за експорт не вреди повеќе од 2-4000 франци.. За тие пари верувај никој нема да се замара со километража за да ти чари 200-300 франака..ситница

Подетално, можда ќе му користи и на авторот на темата:

Секоја кола у Швајцарија мора да помине строг технички преглед (MFK (deutsch), Expertise (French), Collaudata (italian)).
За да помине кола на ова, мора да биде у тип топ состојба.
- Да нема рѓа никаде, најголеми проверки праат на подот,
- Да нема никакви остатоци од уље на моторот или менувачот,
- Подот и моторниот простор заедно со моторот да бидат перфектно чисти,
- Да нема никаква луфта или да фали нешто на подвозјето,
- Системот за кочење го проверуваат екстремно, ги мерат колку се изедени дисковите (ако се испод некој нивни стандард, паѓаш на технички),
- Гумите мора да бидат солидни, над пропишаниот минимум или на минимум на крај на сезона,
- Светлосниот систем да биде перфектен.
- Ентериерот да биде очистен и да биде комплетно функционален (збориме за вентилација, електрични прозори, појаси, воздушни перници и остало)

Кола со поминат технички и истата кола без технички може да се разликуваат од 2-3000 франци у цена, бидејќи една припрема за технички (од овластена гаража) обично кошта преку 600-1200 франака, доколку нема големи поправки.
Секоја кола што паѓа технички нема право да се вози повеќе у Швајцарија, доколку не се врати у технички исправна состојба. Обично ваквите кај нас идат.

Затоа, доколку некој бара кола тука, би му препорачал да бара со тазе технички преглед (обично гаражите/плацевите сами се нудат да направат сервис и да ја поминат технички на денот на купопродажбата). Со ова би бил сигурен дека возилото нема сериозни проблеми т.е е во безбедна и возна состојба.

Без технички може да се начека бмв 7 за 3-4000 франака, ама па секој што ќе го земе нека очекува уште толку за добро утро...

Толку од мене..

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #47 на: 19 Април 2017, 13:46:54 pm »
Worm, убаво ни објасни. Убавата кола си држи цена. Во запад. Твојот Голф5 бензинец можеш поскапо да го продадеш таму него ли тука. Кај нас се земаат кантите од отпад, ретко нешто што вреди. Цените на возилата ги дефинираат кантите. Убавите коли се само минимално поскапи од кантите, некои си 10-15%. Ако бараш 100 евра повеќе од тоа, нема да ја продадеш. На карпативе не им е јасно дека може една кола да се продава за 800 но и за 4500 евра, од иста година. Едната има 400к префарбувана, другата има 100к со фабричка боја. Толкава е разликата во запад. Кај нас ќе бидат 1800 и 2100. Затоа што ниската цена е главен услов за продажба, се форсира увоз на канти и многу потешко е да се најде добар примерок, но не е невозможно, секоја 50та кола што се внесува е добра.  Но ова никако не ги оправдува македонските коли, купени и возени во МК 10 години. Тоа се канти неодржувани, кои треба да се заобиколат со голем лак. Исто така некои пробуваат со висока цена да глумат лудило дека продаваат добра кола, а некои може и да веруваат дека продаваат добра кола.

Инаку мој човек има работено на технички во швајцарија. Малку поинаку ми ги кажа работите, рече дека најмногу се гледа да биде чист моторот, да не течи масло нигде. Ради реда менувале плоки дискови колку да се работи нешто и не биле нешто посебно стручни. Отворање на мотор или мењач е мисловна именка за нив.

Уште еден пример, пријател своевремено зеде BMW 318D, десетгодишно, со 110.000км од Имачка, го плати 10500 евра, сам го донесе. Во исто време македонските увозни бемвиња одеа по 6-7000 евра на пазар. Ама бемвињата 320д што се возат во МК, се фарбани, скоро сите и се отепани од возење.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #48 на: 19 Април 2017, 13:48:37 pm »
Да си ми жив и здрав WorM, истите работи и јас ги знам од пријатели што живеат таму и ги потврдувам. Како што реков, кола од увоз по мене само Швајцарија, евентуално Австрија. Толку :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #49 на: 19 Април 2017, 14:20:11 pm »
Да си ми жив и здрав WorM, истите работи и јас ги знам од пријатели што живеат таму и ги потврдувам. Како што реков, кола од увоз по мене само Швајцарија, евентуално Австрија. Толку :)

Немој бе да си толку стиснат па ти па... Коа ќе ти пуштам едно Инсигнииче од тука за некој месец, ќе попаѓаш на дупе ;D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #50 на: 19 Април 2017, 14:56:55 pm »
  Но ова никако не ги оправдува македонските коли, купени и возени во МК 10 години. Тоа се канти неодржувани, кои треба да се заобиколат со голем лак. Исто така некои пробуваат со висока цена да глумат лудило дека продаваат добра кола, а некои може и да веруваат дека продаваат добра кола.


многу грешиш, има и кај нас секакви. Луге си ги одржуваат и си ги возат и по повеќе од 10. секако има и тешки канти

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #51 на: 19 Април 2017, 15:09:45 pm »
Не е лесно да се изрази целата вистина во еден пост и не треба сите да се сложуваме. Јас одлучив да ги избегнувам македонските коли од неколку причини: коли за мк пазар, македонски патишта, македонски менталитет за одржување. 

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #52 на: 19 Април 2017, 15:27:51 pm »
Ова кога ќе прочитам коли за мк пазар ми се сере. Освен ако не мислиш на астра класик, мегане класикм пунто класик или како и да се викаше. Ама па затоа и цените се такви. Нема различна нова кола во квалитет било почни од форд фиеста/ваг поло/фабиа преку голф/меган/астра па се до луксузни лимузини и џипишта за германски пазар да речеме.
Патиштата реално горе доле се просечни, можеби испод просек но сигурно не се многу голем фактор за амортизација. Многу позначајно е сол на патишта во зимо. Заебано е во северна Европа кога се користи сол на патиштата било да биле без дупки и незнам што, корозија кад тад ќе си фати ако не миеш подвозје. А секако и многу важно за која цел се користи автомобилот. Ако возам годишно 30.000км во Македонија а 80% ми се поминати Скопје-Тетово не верувам дека колата ќе има проблеми со подвозје ниту после 200.000км.
Македонски менталитет за одржување повеќе би рекол човечки менталитет. Секакви има секаде, ние сме мала држава па затоа и тешко е да се најде нешто саглам.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #53 на: 19 Април 2017, 15:30:39 pm »
Тој крш што доаѓа во Македонија претходно бил некаде направен крш. Италија, Германија итн.

Колата ја прави човекот, односно колку ја одржува толку ќе тера, дали е Швајцарец или Делчевец небитно.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #54 на: 19 Април 2017, 15:55:17 pm »
Митот за коли за МК пазар е дискутиран повеќе пати, реален е. Потврден од повеќе членови на форумот кои имаат допрни точки  со проблематиката. Секој може да одлучи во што ќе верува. Кога го купував хундаито, на плацот имаше 15 коли на лагер. Едвај избрав здрава, сите имаа фалинки, која браник на криво, која фар, која гумица скината. Сите беа со фелер за трета свет. Не за џабе се продаваа по 10500. Истото беше и со Фордовите и со Цитроените и на времето со Ренолчињата. Најлоши беа Фелервагените, многу 1.9тди во МК3 и МК4 не минуваа ни по 100к, ниедна Шкода Фелиција 1.9D не се погоди.

Амортизацијата по МК патиштата зема страшен данок на колата. По 70к поминати со Ауди-то веќе не е тоа што беше кога беше млада и невина и со само 200к ја премина македонската граница. И се плчеше кога виде кај дојде.

Солта е кучка. Се сложуваме.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #55 на: 19 Април 2017, 17:23:33 pm »
Па самиот си кажуваш дека е мит, далеку од реалност. Примерот со плацот каде што имало 15 нови и30ки и имале такви фалинки не е никаков репер за добар/лош квалитет. Напротив, исто како што неможеш да докажеш дека на некој си плац во Франција некаде има 100 нови и30ки со истифе фалинки. Твоите примери се генерално нормални за ново ауто каде што дреме на терминал/плац. По процедува после возилото иде на проверка и се проверува све од масло, антифриз, електроника, подвозје и се до вакви козметички работи и тек тогаш се предава на купувачот. Без разлика дали е Македонија или Германија. И пак примерите со мк3, мк4 и фелиција се само рекла казала. Демек во Германија немало мк3 и мк4 1.9 тди што не поминале 100к?!

Повторно за амортизацијата. Не е добро да се генерализира, поготово не за вакви работи. Како што кажав, ако возам 25.000 годишно на Скопје-Тетово (кој што е ОК пат) тогаш незнам дали ќе се жалиш вака. Ако те разбрав добро зборуваш за подвозје? Често менуваш делови? Или ако зборуваш за внатрешност и крцкање поради лош пат, обично Ауди нема такви проблеми.


Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #56 на: 19 Април 2017, 20:59:59 pm »
Да си ми жив и здрав WorM, истите работи и јас ги знам од пријатели што живеат таму и ги потврдувам. Како што реков, кола од увоз по мене само Швајцарија, евентуално Австрија. Толку :)

Немој бе да си толку стиснат па ти па... Коа ќе ти пуштам едно Инсигнииче од тука за некој месец, ќе попаѓаш на дупе ;D
Веле пушти ми една таква ко за мене :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #57 на: 19 Април 2017, 21:51:42 pm »
Ај да најдам прво нешто друго за мене, па ќе ти ја пуштам мојава ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #58 на: 20 Април 2017, 00:04:18 am »
1.9д како што разбрав, не тди. Секое товарање над 200кг или 5 души односно 3-ца со багаж ќе го стискаш ѕрцките да му излагаат пошто ќе сакаш да возиш 120 на автопат, не 80(што му е идеална брзина). Со тди не би требало да има таков проблем.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #59 на: 20 Април 2017, 08:26:52 am »
И да се разбереме, зависи како возиш по нашиве патишта, колку пазиш и колку се качуваш по тротоари.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.