Автор Тема: Увоз на половно возило  (Прочитано 15253 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #15 на: 15 Април 2017, 20:11:11 pm »
Точно Казан, тоа е Исузу, а 1.9 е Фиатов.
Така де. Бузуки праша погоре, јас само напоменав. Никој не го оспорува фактот дека е Исузу.

Sent from my 6055P using Tapatalk


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #16 на: 15 Април 2017, 21:42:29 pm »
А мислење за исузу 1.7 што се во астрите ако не се лажам ги има 105 кс, 110кс и 120 кс, кој е најсолидно покажан искуства некој околу одржување да не има?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #17 на: 16 Април 2017, 01:25:54 am »
1.9 CDTi според мене е далеку подобар мотор од 1.7CDTi.

Двата мотори ги имаме во фамилијата :) и 1.9CDTi е далеку порафиниран, помоќен, поекономичен од 1.7CDTi.

Моторот како мотор си е добар, ама има големи разлики. Сосема различни мотори се, само слично име имаат.

1.9CDTi (дали 8V, дали 16V) се едни од најдокажаните дизели ever! PERIOD!

До сега не сум слушнал некој да се пожали особено од 8V мотор. Ајде за 16V сум изнаслушал триста работи, повеќе кафе муабети отколку реални повторливи проблеми.

Тоа EGR/DPF/затворање на лептири го имаш кај многу модели.

BMW го имаат истиот „проблем".

Отсутен 80 B4

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #18 на: 16 Април 2017, 16:27:25 pm »
Многу подобар од 1.9 ТДИ само пусто германско никој не ги кажува маките а секој ден се по мајстори.Го имав 16 вентилскиот мотор во Вектра Ц одличен мотор го препорачувам само да е редовно одржуван и клапните само да се затворат и тоа е тоа.
Сега го имам истиот мотор само 8 вентили 120 коњски сили феноменален мотор.
Се извиниувам ако е Оффтопик

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #19 на: 16 Април 2017, 17:04:45 pm »
Исузу се вонземјански. Корсичот на 450.000 километражата му заглави. Ремонтот го помина само со карики. Уље менување строго кога ќога ќе ја угаснат сензорите. На крај шасијата откажа...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #20 на: 16 Април 2017, 17:26:05 pm »
Многу подобар од 1.9 ТДИ само пусто германско никој не ги кажува маките а секој ден се по мајстори.Го имав 16 вентилскиот мотор во Вектра Ц одличен мотор го препорачувам само да е редовно одржуван и клапните само да се затворат и тоа е тоа.
Сега го имам истиот мотор само 8 вентили 120 коњски сили феноменален мотор.
Се извиниувам ако е Оффтопик
Што се добива и што се губи со затворање на клапните ?

Исузу се вонземјански. Корсичот на 450.000 километражата му заглави. Ремонтот го помина само со карики. Уље менување строго кога ќога ќе ја угаснат сензорите. На крај шасијата откажа...
За првите корси (б) знам дека се многу издржливи со 1.7 моторот. али овие понова технологија, електроники.. незнам..

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #21 на: 16 Април 2017, 19:21:50 pm »
Со затворање на клапните не се добива ништо, се добива мирна глава :) Ако се заглават, а се заглавуваат колата не влече, не само што не влече него не прима ни гас, ко баба на штаки е.
Клапните се опасност за моторот, исто и кај БМВ, ако влезат во моторот, капут! На пријател од Штип му рикна БМВ така :)

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #22 на: 16 Април 2017, 21:54:44 pm »
Gm мислам им ја прави електрониката.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #23 на: 17 Април 2017, 00:01:06 am »
Јас имам кола од Швајцарија и ти гарантирам за километражата дека таму колите се со реални километри.
Менував сет ламела потисна и мајсторот целосно ја прегледа колата и потврди дека километражата е реална, како и многумина мајстори што ја видоа колата.
Правилото за плац не важи, бидејќи има многу случаи каде што човек прави старо за ново или не се замара да огласува на ауто скаут па ја носи колата на плац да му ја откупат. Се разбира ќе избегаваш романци и немаш гајле. Кола од увоз по мене само Швајцарија.
Купи си кола од таму, не земај крш од тука со 500к км ни под разно, поготово кога имаш прилика за да донесеш од таму.
Што се однесува до моторите, немам лично искуство, но сум читал дека 1.9 цдти е далеку подобар од 1.7 цдти кој котира многу слабо насекаде.
Моторот е италијански и кога Италијанците почнаа да прават дизел, Германецот појма немаше што е мотор, така да не се секирај за италијански дизел, освен Мерцедес кој беше прв :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
« Последно менување: 17 Април 2017, 00:10:05 am deksa »

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #24 на: 17 Април 2017, 00:11:26 am »
Со здравје да си ја возиш колата.

Јас имам кола од Швајцарија и ти гарантирам за километражата дека таму колите се со реални километри.
Менував сет ламела потисна и мајсторот целосно ја прегледа колата и потврди дека километражата е реална, како и многумина мајстори што ја видоа колата.
..........

Можеш ли да кажеш како мајсторот утврди дека километражата е реална?



Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #25 на: 17 Април 2017, 00:15:39 am »
Со здравје да си ја возиш колата.

Јас имам кола од Швајцарија и ти гарантирам за километражата дека таму колите се со реални километри.
Менував сет ламела потисна и мајсторот целосно ја прегледа колата и потврди дека километражата е реална, како и многумина мајстори што ја видоа колата.
..........

Можеш ли да кажеш како мајсторот утврди дека километражата е реална?
Се разбира. Колата беше во Автонова па таму се потврди километражата, како и фактот дека сетот беше оригиналниот од фабрика и прв пат е од мене сменет и прв пат отворен, а да бидеме реални колку и да се чува ламелата, повеќе од 180-200к км не издржува. Инаку колата има 130к км.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #26 на: 17 Април 2017, 00:19:16 am »
Имав впечаток дека за локален мајстор се работело. Овластен сервис е друга приказна.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #27 на: 17 Април 2017, 01:33:37 am »
Со затворање на клапните не се добива ништо, се добива мирна глава :) Ако се заглават, а се заглавуваат колата не влече, не само што не влече него не прима ни гас, ко баба на штаки е.
Клапните се опасност за моторот, исто и кај БМВ, ако влезат во моторот, капут! На пријател од Штип му рикна БМВ така :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Фала за информацијата... А за што служат клапните ?

Јас имам кола од Швајцарија и ти гарантирам за километражата дека таму колите се со реални километри.
Менував сет ламела потисна и мајсторот целосно ја прегледа колата и потврди дека километражата е реална, како и многумина мајстори што ја видоа колата.
Правилото за плац не важи, бидејќи има многу случаи каде што човек прави старо за ново или не се замара да огласува на ауто скаут па ја носи колата на плац да му ја откупат. Се разбира ќе избегаваш романци и немаш гајле. Кола од увоз по мене само Швајцарија.
Купи си кола од таму, не земај крш од тука со 500к км ни под разно, поготово кога имаш прилика за да донесеш од таму.
Што се однесува до моторите, немам лично искуство, но сум читал дека 1.9 цдти е далеку подобар од 1.7 цдти кој котира многу слабо насекаде.
Моторот е италијански и кога Италијанците почнаа да прават дизел, Германецот појма немаше што е мотор, така да не се секирај за италијански дизел, освен Мерцедес кој беше прв :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Па баш тоа гледам швајцарија ретко да најдиш роскоп кола (да дели, да не држи линија).. Али затоа и цените се повисоки..

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #28 на: 17 Април 2017, 08:53:49 am »
Тоа е секаде и е правило. Дали била Швајцарија дали Германија, добрата кола си кошта, е сега работата е што во Швајцарија нема толку доселеници кои се преваранти како во Германија. Германецот нема да те зезне, ама како што реков, горе народот нема време за продажба на коли па ги оставаат по плацеви и тука настануваат балканските и арапски финти :)
И инспекцијата во Швајцарија е по заострена отколку во Германија, така да и плацевите несмеат многу да забушаваат.
Ти види ја колата каросериски да ти фати око и однеси ја во најблискиот сервис, плати си 60е и ќе ти ја проверат дали е добра механички. И гледај колата да има историја како сервисна книшка и запази го интервалите на сервисирање.
Избегавај кола со вграден плин, нашиве неписмени може да ти прават проблем за него, иако е фабрички вграден, знаеш македонска работа....
Тука ќе си ставиш плин, имаш добри уреди, башка кола што е возена бааги на плин т.е. од нула км, не е препорачливо да се купи за своја душа, да бидеме реални плинот да беше добар за моторот под дефолт ќе беше колата правена само на плин без бензин, а проблемот со загревање ќе беше решен поинаку (нели кога е ладно треба да ја загрееш на бензин).
Немој да ме сфатиш погрешно, плинот е одличен, јас цел живот возам плин, но преферирам јас да го вградам уредот, или пак колата да не е возена многу на плин.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Увоз на половно возило
« Одговори #29 на: 17 Април 2017, 08:55:01 am »
Кога се отворени, повеќе проток на воздух влегува во мотор и си влече подобро.



At low revs, the 'direct' port must be closed or blocked by the flap, otherwise all of the fuel injected into the cylinder will not be burnt, meaning increased smoke and soot from the exhaust. This is because the incoming air has insufficient 'swirl', as the air takes the easier path into the engine through the 'direct' port that should be blocked off.



At high revs, both ports are open to allow the maximum amount of air into the cylinder. If the swirl flap remains closed, the air charge in the cylinder is reduced, causing more black smoke and reduced performance.



A motor is mounted underneath the manifold that operates the swirl flaps - it moves the flap on no.3 cylinder directly, a rod on top of the manifold transfers this motion to the other cylinders.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.