Тоа е секаде и е правило. Дали била Швајцарија дали Германија, добрата кола си кошта, е сега работата е што во Швајцарија нема толку доселеници кои се преваранти како во Германија. Германецот нема да те зезне, ама како што реков, горе народот нема време за продажба на коли па ги оставаат по плацеви и тука настануваат балканските и арапски финти
И инспекцијата во Швајцарија е по заострена отколку во Германија, така да и плацевите несмеат многу да забушаваат.
Ти види ја колата каросериски да ти фати око и однеси ја во најблискиот сервис, плати си 60е и ќе ти ја проверат дали е добра механички. И гледај колата да има историја како сервисна книшка и запази го интервалите на сервисирање.
Избегавај кола со вграден плин, нашиве неписмени може да ти прават проблем за него, иако е фабрички вграден, знаеш македонска работа....
Тука ќе си ставиш плин, имаш добри уреди, башка кола што е возена бааги на плин т.е. од нула км, не е препорачливо да се купи за своја душа, да бидеме реални плинот да беше добар за моторот под дефолт ќе беше колата правена само на плин без бензин, а проблемот со загревање ќе беше решен поинаку (нели кога е ладно треба да ја загрееш на бензин).
Немој да ме сфатиш погрешно, плинот е одличен, јас цел живот возам плин, но преферирам јас да го вградам уредот, или пак колата да не е возена многу на плин.
Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk