Да ја живнам темава.
Има една работа што ме мачи. Ќе бидам најкраток што можам да бидам.
Имено, врз основа на светлината (галаксии) која доаѓа до нас, која е поместена во спектарот, се заклучува дека вселената се шири, и врз основа на тој факт се развиваат понатаму разни идеи, теории...(мultiverse).
Згора, колку подалечни галаксии(протогалаксии) толку повеќе забрзуваат во одалечувањето.
Некако ми делува дека никој не зема во предвид дека можеби бил таков трендот во тоа време (ифлаторен модел) и дека одалечувањето(ширењето) е успорено, споредено со поблиските галаксии.
Недореченоста според мене лежи во тоа дека светлината што доаѓа од најдалечните предели носи со себе информација за случувања стари 14 милијарди светлосни години.
Во тоа време вселената се ширела, но дали е сеуште така?