Повеќето „документарци“ се квазинаучни глупости. Често се случува научниците кои биваат интервјуирани во тие филмови после да се лутат на продуцентите бидејќи им ги вадат зборовите од контекст, за на сметка на научноста да се додаде сензационализам.
На никого не му препорачувам да „учи“ со гледање документарци. Повеќето луѓе кои ги познавам, а кои се на таков начин „информирани“ на научни теми - особено граничните области на физиката и астрономијата, a во последно време вакцини, гмо итн - имаат многу високо мислење за своите знаеања, а уствари се тешки, тешки дрва кои не совладале некои најосновни поими. Тоа е антиобразование. Се учи со греење столче, читање книги и решавање задачи. Вистински квалитетните документарци можат да се избројат на прстите на едната рака и, не, не ги даваат на дискавери, нешнал џиографик и слични шоу канали. Не, немаат драматична музика, визуелни ефекти и морган фримен.

