Интересно, фала за линкот.
Да не имате некој ваш сајт/блог каде најавувате вакви настани, најпогодни или најспектакуларни настани за следење?
www.astronomija.com.mkШто се тоа „параметри на метеорски дождови“ и во кои единици мерки се мерат?
Битно параметри на еден метеорскои дожд се:
1. Просечна реална (бидејќи има привина, која зависи од општата магнитуда на небото, зависно од местото и периодот во кој се набљудуваат метеорите) магнитуда на метеорскиот дожд. Значи во просек колку биле светли метеорите.
2. Параметар ZHR (zenithal hourly rate) што го означува оној временски период од еден час во кој се забележани најмногу метеори припадници на метеорскиот дожд (бидејќи и ма и споредични метеори кои не се членови на конкретниот метеорски дожд. Обично овие се окулу 5% односно секој 20-ти метеор е спорадик). Бидејќи секоја година во скоро (но и не мора да значи) ист период метеорскиот дожд се повторува, корисно е да се знае според трендот на ZHR дали метеорскиот доже ќе се згуснува или ќе се разредчува наредните години. На база на ова подоцна се пресметува коефициент на дисперзија на опашката од кометата (бидејќи метеорските дождови настануваат тогаш кога земјата навлегува и поминува низ облак, односно остаток од опашката на некоја комета). Според коефициентот на дисперзија на опашката се предвидува дали метеорскиот дожд ќе се случи во иднина и со кој ZHR ќе биде.
3. Боја на метеорите
4. Процент на метеорите кои оставиле перзистентна трага. Дали метеорот ќе остави перзистентна (постојана трага која трае од 10 секунди па и до 1 минута). Ова понатаму дава одговор на други прашања за кои не се рабирам многу.
5. И бајаги други
Зависно од типот, параметарот се мери во разни единици мерки, како магнитуда, јавувања во единица време, боја и други. Постојат научници кои се занимаваат со метеорска астрономија и кои секоја година во септември се собираат на еден собир што се нарекува IMC (international meteor conference) некаде низ планетава, секоја година различно. Јас имам присутствувано на таква конференција и презентирано материјали од моите анализи. Кој е заинтересиран да навлезе во оваа дисциплина, може да му доставам материјали. Прилично е интересно а не побарува некои екстензивни познавања.