Ако имаш можност да ја наполниш цевката, на пример со полна жица метална со малце помал дијаметар од цевката?
Со фина песок наполни ја цевката и пробај.
Ќе се обидам со двете методи, само треба да ми стигнат нови цевки.
Ми се брзаше да пробам и отидоа цевките јабана - ако ништо друго - сега знам како не треба.
Туку, една од препораките по нет беше цевката убаво да се загрее па да се излади, за да и се зголеми еластичноста. Ќе го пробам и тоа.
Единствен проблем е тоа што морам да ги чекам цевките - никаде во МК не успеав да најдам алуминиумски цевки со пречник 10мм и ѕид 0.5мм.