Набрзина го пишав постот, па не стигнав коментар да дадам.
Мене, субјективно, ми изгледа одлично. Пежо доживеа ренесанса со дизајнот - после окезените модели, новиве изгледаат одлично. Мене барем поубаво ми изгледа 3008 ради покомпактните димензии, и мислам дека реално, најреално, многу малку луѓе имаат потреба од SUV со седум седишта.
Фино се вози. 3008-цата е подиректна, ама ни ова не е лошо, особено со бензинчето. Мануелниот мењач немав можност да го пробам, само аутоматикот, ама па аутоматикот совршено му одговара на карактерот на возилото. Многу внимание е посветено на звучна изолација и тоа се забележува на отворен пат.
Многу внимание посветуваат на ентериер, и се гледа. Све е фино стегнатко, материјалите се генерално фини и убаво текстурирани, и (барем во овие убер-опремени модели) не забележав онаква никаква пластика.