Автор Тема: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40  (Прочитано 7800 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« на: 30 Октомври 2011, 13:42:04 pm »
Здраво,

При неодамнешната потрага за масло за мотор за 1.9 ЈТД 8в 115кс, нормално прво одиме кај препорачаниот производител на масло од страна на производителот на автомобил, кадешто во мојот случај се работеше за препорака за Selenia Turbo Diesel 10W-40.

Како што Џиџи a.k.a. д-р Масло Адитивовски  ;D  ;D  ;D , не имаше просветлувано за адитивите што се додаваат, така и јас го послушав неговиот совет и погледнав низ спецификациите на горенаведеното масло (на продажба кај нас). Имено, се работи за следните спецификации;

SELENIA TURBO DIESEL   - SAE 10W-40
 - API CD/SF
 - ACEA B3
 - FIAT 9.555.35-D2
 - VW 505.00

http://www.flitalia.it/en/fl/manuale/en/omot_0201.htm

Колку што јас добро сум запомнил, минимум спецификација што едно масло за дизел мора да ја има е CF . Нормално со помош на google  сакав да дознаам во што е разликата (позитивна или негативна), и еве што вели доленаведениот линк

http://motorcycleinfo.calsci.com/API.html

CD Introduced in 1955. For certain naturally aspirated and turbocharged engines.

Мојот заклучок беше дека ова масло не е соодветно!!!


Понатамошниот избор, откако ќе се исклучи овој производ на масло, секако е индивидуален.


Ова е само за ваша информација, се надевам ќе се сфати најдобронамерно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2011, 15:40:23 pm »
Од Selenia има 5w40 што ги задоволува стандардите, не беше такво нешто за дизели?

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2011, 16:03:14 pm »
Селениа турбо дизел 10w-40 е старата генерација што се препорачуваше за алфа ко нашата. По ново, WR 5w-40. Далеку од тоа дека TD е лошо масло, ама ако можеш, користи новото. Ако ништо друго, подобро е за нашите ладни зими.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2011, 17:25:49 pm »
Selenia WR 5W-40 е одлично масло, проблем е цената која што е 3160 ден за 5 литри, што за мене е премногу за едно масло, посебно кога на пазарот има масла од ист/подобар квалитет за пониска цена.

Интересното е тоа што, кога гледав пред неколку месеци, Селениа турбо дизел 10w-40 се продаваше со CF спецификација. Одеднаш, квалитетот на маслото како да е симнато на нивоа подолу. Дали целта на фабриката (којашто е купена од Petronas, ако грешам нека ме поправи некој), е да се наметнуваат новите производи како 5W-30 или веќе постоечкото WR 5W-40, незнам...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2011, 18:56:55 pm »
И јас така мислам, дека има и поевтини а добри масла мада можда не го направив најдобриот избор со Тотал Кварц 9000 5W40 за кој што слушнав дека по 5000км како да испарува од моторот без разлика на колата ама останува да довозам па да потврдам.
Баш ме интересира кој што има да каже, зошто баш Селениа мора да се стави во Италијанските мотори, скапо или не и јас планирам WR 5W40 да ставам наредниот пат, а мене ми требаат 5,5л, треба да купам 6л = 1750 денари и кој знае нека каже од каде да се купи оригинал, кој е импортер за да не наседнеме на фалсификат...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #5 на: 30 Октомври 2011, 19:24:15 pm »
Не мора Selenia, Алфата се вози на Elf преку 30.000 километри без проблеми.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #6 на: 30 Октомври 2011, 21:22:04 pm »
Колку што јас знам, единствено Агип маслата биле ок за Алфа. Со Селениа не те боли глава, иако се малце солени, посебно WR5-40 650-700 ден литар. Верувам дека ТД ќе брка работа, ама ова е подобро. Менување на 10 000 км, не знам некој да препорачува повеќе. Единствено ако правиш многу километри на отворен пат, тогаш веројатно можеш да пројдеш 15-20 без проблем. Мартин, 30 000? Очиглеdно не си ја сакаш алфата многу :>

p.s.
единствено ако не дотураш многу,многу редовно :> Колку ти троши уље?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #7 на: 30 Октомври 2011, 21:30:03 pm »
Јас сватив дека поминал 30000км,користејќи го тој тип на уље(што не значи дека не го сменил во меѓувреме) !

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #8 на: 30 Октомври 2011, 22:24:58 pm »
Колку што јас знам, единствено Агип маслата биле ок за Алфа. Со Селениа не те боли глава, иако се малце солени, посебно WR5-40 650-700 ден литар. Верувам дека ТД ќе брка работа, ама ова е подобро. Менување на 10 000 км, не знам некој да препорачува повеќе. Единствено ако правиш многу километри на отворен пат, тогаш веројатно можеш да пројдеш 15-20 без проблем. Мартин, 30 000? Очиглеdно не си ја сакаш алфата многу :>

p.s.
единствено ако не дотураш многу,многу редовно :> Колку ти троши уље?

kefi досега еднаш имаме сменето масло, зошто само 14.000км ја поседуваме. Препорака од претходниот сопственик беше Elf, зашто и он пред тоа ставал Еlf. За трошење ќе кажам за некои 1000 километри, кога ќе дојде пак за мењавање. Сега засега прилично стабилно ми изгледа од проверка на проверка, можно е и дека е погусто маслото, помалце да го троши.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #9 на: 31 Октомври 2011, 00:16:43 am »
Абе дечки, масло си е масло. Градација си е градација. Што се замарате толку со маслата? И Алфата има мотор, нема warp drive. Било кое масло да турбодизел ќе биде во ред.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #10 на: 31 Октомври 2011, 00:37:16 am »
@martin ако не ти го троши многу, и е со добра градација, терај, што да ти кажам. Приказната е од доста мајстори/ентузијасти, дека со Селениа многу помалце им троши, и подобро им работи. Плус во контекст на нашиот пазар, со многу фалсификати, не се замарат многу со селениа, пошто само лудаци ко нас за алфа го трошат.

@falanga хех, не знам баш дали нема варп драјв :> Шега на страна, поради турбото е и те како осетлива на квалитетно масло. Да, ако не е фалсификат, и е по спецификација, нема проблем. Турбо со лошо масло е грда комбинација...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #11 на: 31 Октомври 2011, 01:18:20 am »
Плус, во атмосферските мотори има многу осетливи компоненти поради високата коњажа што ја произведуваат, па добро масло е секако препорачливо за колата. Мене и на стариот ни е страв да пробаме со Селениа, зашо порано се збореше дека се ставало ептен густо масло пред продажба за да работи како што треба, да ја има потребната компресија, и откако ќе го смениш, си го ебал ежот. Си кружеа вакви приказни, не знам колку е вистина. Боље 1600 за уље него 300 евра за мотор/ремонт.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #12 на: 31 Октомври 2011, 09:05:56 am »
Момци не е лошо да се префрлиме со коментари во соодветната тема (молам класниот да префрли)

http://www.carclub.mk/index.php/topic,1278.0.html

Целта ми беше само информативна, претпоставував дека ќе се развие дискусија и искуства ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #13 на: 31 Октомври 2011, 09:36:14 am »
Мартин батка, таквите муабети доаѓаат од некомпетентни или полукомпетентни мајстори кои сакаат вината да ја префрлат на маслото или незнаењето да го покријат со тој муабет. А за фалсификатите се сложувам. Многу ги има. Затоа си купувам Елф од мој добар другар кој не би ме лажел.

Отсутен Scorpion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 470
Одг: Информација за Selenia Turbo Diesel 10W-40
« Одговори #14 на: 27 Ноември 2011, 01:42:06 am »
Ne mi otvara kade e prefrlena temava pa bi sakal da se nadovrzam tuka...

Bidejki kako sto spomnavte deka selenia e malku solena i jas baram soodvetna zamena, e sega dilema...

Vo Puntoto imam dve upatstva za koristene, ednoto makedonsko a drugoto na angliski... i pazi sega:

Spored upatstvoto na Automobile: Selenia K 5w40 , klasifikacija FIAT 9.55535-M2 ACEA A3
Spored upatstvoto na angliski:       Selenia K P.E. 5w40, klasifikacija FIAT 9.55535-S2 ACEA C3

Ve molam sega pomos na sto da veruvam ???
Fiat Grande Punto & Fiat Stilo