Автор Тема: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI  (Прочитано 87143 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #45 на: 15 Март 2017, 16:02:29 pm »
Нов тси мотор. Како стои со потрошувачка на масло, имаш ли забележано?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #46 на: 15 Март 2017, 16:11:23 pm »
Дента кога ја земав од салон со 10км нивото беше на пола, вероватно од фабрика не пунат до крај. На 17.000км пред некој месец ми светна за ниско ниво и сварно беше на минимум. Додадов 1 литро 504/507 и сега е до горе пуно. Имај предвид овде е нов мотор разработување па до Македонија и назад во летни температури возење. Сега имам преку 20.000 нема спуштено воопшто од кога е додадено пред 3.000км. Првиот сервис е на 30.000км па ќе видиме некаде за 6 месеци дали ќе се промени нивото, ама се сомневам можеби третина максимум или во превод 300-400 грама.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #47 на: 15 Март 2017, 16:15:48 pm »
Го разочара Лошко, он се надеваше дека ќе кажеш ти троши ко двотактол да е ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #48 на: 15 Март 2017, 19:43:56 pm »
ни ова не е многу.  баш ме интересира дали ќе намали.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #49 на: 15 Март 2017, 19:45:49 pm »
Го разочара Лошко, он се надеваше дека ќе кажеш ти троши ко двотактол да е ;D
Редовно читам и сум зачленет на голф мк7 форуми низ светов и има еден лик од Полска вози голф мк7 караван 1.6 тди 110кс. Цепа по 35-40.000 годишно на отворено возење 150-160 цело време и отворено си кажува човекот дека троши литро на 15-20.000 км што мислам дека е сосема ОК за такви услови.

 

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #50 на: 15 Март 2017, 19:49:15 pm »
Тоа што било до пола...на ладна кола или на загреана...бидејќи можи да пиши во упатсвото дека ниво на масло се мери на загреана кола
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #51 на: 15 Март 2017, 20:51:28 pm »
Јас не би чекал 30.000 за промена на уље на турбаш, без разлика што вика фабрика. И не повеќе од 1 година.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #52 на: 15 Март 2017, 21:19:16 pm »
Тоа што било до пола...на ладна кола или на загреана...бидејќи можи да пиши во упатсвото дека ниво на масло се мери на загреана кола

Ако не се лажам во упатсвото и пишува дека нивото на масло се мери на загреан мотор. Ме мрзи да барам ама знам дека кај мене така пишуваше.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #53 на: 15 Март 2017, 22:39:43 pm »
Кај мене во упатството од Реното пиши да се мери нивото маслото на ладен мотор, односно најдобро е да се измери пред првото стартување во денот.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #54 на: 16 Март 2017, 00:03:40 am »
Јас не би чекал 30.000 за промена на уље на турбаш, без разлика што вика фабрика. И не повеќе од 1 година.

Истото сакав да му кажам, повеке од 15000, никако не го оставај. Чисто да си си ги зачуваш нервите за понатака.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #55 на: 16 Март 2017, 08:43:21 am »
Нормално тогаш мерев масло како и секогаш на загреан мотор и го оставам 2-3 минути пред да проверам. Така и пишува во упатство. Во упатството исто така пишува првите 1500км да не возиш со полна гас, да не возиш над 2/3 од максималните обртаи и да не возиш со преголем товар/приколка и дека зголемена потрошувачка на масло во првите 5.000км е очекувана.

Во врска со промена на 15.000 или 30.000 јас од искуство и од читање никаде не сум видел некакви проблеми било на тди или тси со промена на масло на 30.000 од аспект на абење на мотор или рани проблеми со турбината. Се додека ставаш масло 507.00 и со оглед на тоа што тие 30.000 ги правам за година ипол сметам дека немам проблем. Во фамилија имам пасат 2.0 тди 170кс со промена на 30.000км па еве го 200.000 има поминато нити потрошувачка на масло има ниту моторот е заебан ниту пак турбото.

Од фабрика доаѓа со QI6 варијабилен сервис што значи 30.000км или 2 години. Како и да е, си има сензор кој што вчитува просечна температура на масло, број на ладни стартови, просечна потрошувачка и неколку дрги параметри и врз основа на тоа се случува наместо на 30.000км компјутерот да ти пресмета да одиш порано да го смениш маслото, пример 25.000. Ова се случува особено ако возиш во град 95% од времето што не е случај со мене.

Мое мислење доколку ставаш лонг лајф уље нема да имаш проблем со промена на 30.000км или 2 години ако возиш редовно со годишна километража од преку 20.000км. Како и да е имаш можност да се префрлиш на фиксен сервис на 15.000 или 1 година ама тогаш бутаат 502.00 масло кое што е малку поевтино ама па треба на секои 7 месеци сервис да правам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #56 на: 16 Март 2017, 08:59:46 am »
И мојава била возена во странција со лонглајф варијабилен интервал, од 20-45.000км. Еве ја кај мене дојде како стар увозен крш, сега има 260.000км, па уште не троши масло. Утсвари моторот уште е како нов. Има нешто во странските масла и возења по автопат. И секако треба моторот да не од пластика.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #57 на: 16 Март 2017, 10:34:34 am »
Ок, вие си знаете. И мојава била возена со таков режим во германија, јас го направив 3-тиот сервис во МК на 100.000км, ама од тогаш колку почесто можам менувам. Еве сеа точно после една година од првата моја промена го сменив, на 115.000 и доста му беше 15.000. Јас осеќам разлика во работата на моторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #58 на: 16 Март 2017, 10:39:29 am »
ама тогаш бутаат 502.00 масло кое што е малку поевтино

Како тоа бутаат 502 ако е пропишано 505/507 за тој мотор?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: VW Golf MK7 Variant 1.4 TSI
« Одговори #59 на: 16 Март 2017, 10:50:28 am »
Ок, вие си знаете. И мојава била возена со таков режим во германија, јас го направив 3-тиот сервис во МК на 100.000км, ама од тогаш колку почесто можам менувам. Еве сеа точно после една година од првата моја промена го сменив, на 115.000 и доста му беше 15.000. Јас осеќам разлика во работата на моторот.

Поминав и јас еден долг интервал од 18к, но сега се враќам на 10к. Имам многу градска вожња, не вреди да се штеди некоја илјадарка на масло.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need