Нормално тогаш мерев масло како и секогаш на загреан мотор и го оставам 2-3 минути пред да проверам. Така и пишува во упатство. Во упатството исто така пишува првите 1500км да не возиш со полна гас, да не возиш над 2/3 од максималните обртаи и да не возиш со преголем товар/приколка и дека зголемена потрошувачка на масло во првите 5.000км е очекувана.
Во врска со промена на 15.000 или 30.000 јас од искуство и од читање никаде не сум видел некакви проблеми било на тди или тси со промена на масло на 30.000 од аспект на абење на мотор или рани проблеми со турбината. Се додека ставаш масло 507.00 и со оглед на тоа што тие 30.000 ги правам за година ипол сметам дека немам проблем. Во фамилија имам пасат 2.0 тди 170кс со промена на 30.000км па еве го 200.000 има поминато нити потрошувачка на масло има ниту моторот е заебан ниту пак турбото.
Од фабрика доаѓа со QI6 варијабилен сервис што значи 30.000км или 2 години. Како и да е, си има сензор кој што вчитува просечна температура на масло, број на ладни стартови, просечна потрошувачка и неколку дрги параметри и врз основа на тоа се случува наместо на 30.000км компјутерот да ти пресмета да одиш порано да го смениш маслото, пример 25.000. Ова се случува особено ако возиш во град 95% од времето што не е случај со мене.
Мое мислење доколку ставаш лонг лајф уље нема да имаш проблем со промена на 30.000км или 2 години ако возиш редовно со годишна километража од преку 20.000км. Како и да е имаш можност да се префрлиш на фиксен сервис на 15.000 или 1 година ама тогаш бутаат 502.00 масло кое што е малку поевтино ама па треба на секои 7 месеци сервис да правам.