Автор Тема: Издувување на мотор при високи вртежи (или италијански тунинг)  (Прочитано 57083 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Баш ме чуди како тек сега се отвора тема за Italian tuneup.

Italian tuneup практикувам неколку години уназад, најмалку 3-4 пати годишно. Обично во трета брзина (некој спомна 4-та и 5-та, јас мислам дека нема потреба од повисок степен на пренос) на отприлика 5,5к до 6к вртежи, со брзина од 120 до 130 км/ч, односно во рамки на дозволената брзина на автопат. Мислам дека има поволен ефект врз работата на моторот, но ефектот зависи и од тоа како и каде претежно се вози колата, во градски гужви или на автопат.

Ме интересира, освен проверка на масло и други течности, што друго би било паметно да се провери пред да се направи Italian tuneup? Проверка на ребраст каиш (ако не е сменет скоро)? Нешто друго?

За крај, сакам да споделам еден краток извадок од Alfa Romeo Owner's Bible на Pat Braden во кој се спомнува оваа тема, Italian tuneup.

Цитат
The Italian Tune-Up is No Myth

You’ve sunk your next five years’ paychecks into this sweet Italian beauty and you’re not going to abuse it, by golly. You shift at 2500 rpm and never go over 70 mph. To prove your point, the car needs tuning so often now that if you really put your foot into it you’re sure something would explode. That’s Italian cars for you.

Somewhere, right now in Italy, someone’s driving exactly the same car as yours. His right foot is pressed firmly to the floor, where it has been for the last three hours. The rubber on the brake pedal shows no perceptible wear. The speedometer and tachometer are both trying to bury themselves offscale. His arms are weary from cranking the wheel back and forth as he negotiates the mountain roads. His eyes gleam and his heart is glad for he has never once had cause to do more than regular maintenance to his thoroughbred of a car that has uncounted kilometers on its engine. He’s right and you’re wrong!


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Da se umesam malce vo temava:
Neli e poarno da se izvrsi Dekarbonizacija na motorot i sve ova sto go kazavte okolu izduvuvanje na kolata i letanje klipovi niz hauba kje se zavrsi za 30min so rabota na kolata vo mesto.
Eve 2 dena citam po netov okolu ovaa postapka i razmisluvam da ja napravam duri iskontaktirav so edni decki na fb  Centar za Dekarbonizacija mislam bese imaat sliki i klipcinja i ceni od 1500,2000,2500.....denari vo zavisnost od kubikazata na voziloto.
Neli e pofino toa da se napravi i ako nekoj voopsto od ovde pravel neka spodeli iskustvo bidejki sve ova sto go spomenuvate vo italijanskiov tjuning oni go pravat bez nikakvo maltretiranje na kolata.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Имењак не ти треба кај тебе тоа,ова на дизели највише брка работа ама па според мене е фрлање пари.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Е кај ке ја издувам? Прееска беше на тунел и ми рекоа дека треба малце да се издува моторот(нешо катализатор или карбуратор спомна, појма немам) и го прашувам италјански тјунинг, вика да, доволно е 3500-4000 некое време да се повозе.

И ајде викам накај дома, 1ва 2ра 3та 4та 5та 150 3500 обрати. Па дека да ја издувам на dyno може или нема потреба? па еднаш годишно пример да одам за мк и во немачка по автопатот да ја погазам нели е доволно?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Не знам како ги возите коливе, ама од почеток на темава се чудам.
Какво малтретирање на колата, какво еднаш годишно.
Секој ден издувувајте си ја и нека диши убаво моторот, повеќе штетно е да ја гушиш на 1500-2000 rpm. 

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Јас си правам пракса на автопат да ја задржам неколку секунди во 4та на високи обртаи. Има резултат, баш зимово го увидов тоа. Пред тоа ми варираа обртаите во лер од тоа градско low-rpm возење.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Е кај ке ја издувам? Прееска беше на тунел и ми рекоа дека треба малце да се издува моторот(нешо катализатор или карбуратор спомна, појма немам) и го прашувам италјански тјунинг, вика да, доволно е 3500-4000 некое време да се повозе.

И ајде викам накај дома, 1ва 2ра 3та 4та 5та 150 3500 обрати. Па дека да ја издувам на dyno може или нема потреба? па еднаш годишно пример да одам за мк и во немачка по автопатот да ја погазам нели е доволно?

Во 4-та на високи обртаи одреден период ( 15мин минимум ), потоа префрлуваш во повисока и убрзуваш за да на крај направиш компресија во моторот со моторно кочење и враќање во 4 та итн. Има пост поназад прочитај го.

Издувување е работа на моторот на високи обртаи одреден период, а со компресијата се исфрла карбонот кој е наталожен.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Јас пробав прееска малку вака, арно ама, свака част на тој што може да издржи 15-20 минути, мене глаа ми пукна после километар...

Пробав у 2ра, накај 3500 - 4000 вртежи, отиде 70, пробав у 3та, отиде преку 100... За да возам вака у 4та, ми треба слободен аутопут :)

Не ваља да зеам доле пред куќа да урлам со колата у место а? Веројатно полиција ќе ми викнат :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Кај тебе не знам, за Скопје ја имаш обиколница. Таман е за освежување ако не правиш излети надвор од град:)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Или дигни ручна и фукај го до даска со втора :)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Не е исто луѓе да ја акаш во место и во 4-та 150км/ч.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Мислам доволно е редовно 1-ва 2-ра да ја стискаш, не мора со километри ако е често, е сега се наоѓа простор БЕЗБЕДНО да ка стиснеш 70 2-3 пати неделно на тргање на семафор на пример. Е сега никој ваљда не штеди до толку да ја вози до 1500 рпм.... Додуша ми се има десено да се возам со такси, типот поише од 1200 не ја оставаше т..е пета и ја шибна на 1200 рпм... што му беше поентата не знам... 

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
4-та, 150км/ч, 15мин = 37.5км
каде има толку долга чиста делница во мк?

Дизел и главата НА, ТОЛКАВА од буката, 5 минути доста се, коли се менуваат ама една е мајка (мислам гла)  :)

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Не е исто луѓе да ја акаш во место и во 4-та 150км/ч.
Случка од Еуроимпекс.

Мајсторов влегува во дизел 406ка на клиент (претпоставувам), го врти клучот и папуча до доле. Рика колава, црнила одзади колку сакаш. Се надевам била барем загреана :D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Е кај ке ја издувам? Прееска беше на тунел и ми рекоа дека треба малце да се издува моторот(нешо катализатор или карбуратор спомна, појма немам) и го прашувам италјански тјунинг, вика да, доволно е 3500-4000 некое време да се повозе.

И ајде викам накај дома, 1ва 2ра 3та 4та 5та 150 3500 обрати. Па дека да ја издувам на dyno може или нема потреба? па еднаш годишно пример да одам за мк и во немачка по автопатот да ја погазам нели е доволно?

Во 4-та на високи обртаи одреден период ( 15мин минимум ), потоа префрлуваш во повисока и убрзуваш за да на крај направиш компресија во моторот со моторно кочење и враќање во 4 та итн. Има пост поназад прочитај го.

Издувување е работа на моторот на високи обртаи одреден период, а со компресијата се исфрла карбонот кој е наталожен.

Пробав 4та, 120км 3500 обрата. Откако ми рекоа од сервисот дека треба, пробав по патот накај дома, прво ја возев 5та 140-150, ама пошто не беше автопат имаше и подзастанување поради други автомобили.

Потоа така беше едно 30км, потоа оклу 10км возев 4та 120км 3500 обрата уште едно 5-10минути, оно ти викаш требало обратно. Баш ке пробам кога ке сум на автопат така.

Инаку, кога застанав пред гаража да паркирам, ми се појави проблем со уље(црвено канче уље), а пред една недела дотурив 1л али така дотурам секоја година зошто возам подолги релации(околу 30-40к годишно). Проверив да не треба пак да дотурам, ама си покажува ок ниво на уље.

Чудно ми беше и не знам што значе црвено канче уље, кога е жолто тогаш обично треба да се дотури, а сега беше црвено. Истотака ми се случи во Немачка на автопат(испробував максималната брзина) и застанав, отидов до вц, се растргнав малце и потоа се беше ок.

Дали од преголеми вртежи се каче температурата на моторот, се прегрее уље или штотизнам, ама го приметив тоа еднаш кога возев на автопат и ете сега ми покажа.

Па подобро ке сменам катализатор(или што и да е) доколку се запуши/расипе од “неиздувување на моторот“, отколку да направам поголем проблем.