Е кај ке ја издувам? Прееска беше на тунел и ми рекоа дека треба малце да се издува моторот(нешо катализатор или карбуратор спомна, појма немам) и го прашувам италјански тјунинг, вика да, доволно е 3500-4000 некое време да се повозе.
И ајде викам накај дома, 1ва 2ра 3та 4та 5та 150 3500 обрати. Па дека да ја издувам на dyno може или нема потреба? па еднаш годишно пример да одам за мк и во немачка по автопатот да ја погазам нели е доволно?
Во 4-та на високи обртаи одреден период ( 15мин минимум ), потоа префрлуваш во повисока и убрзуваш за да на крај направиш компресија во моторот со моторно кочење и враќање во 4 та итн. Има пост поназад прочитај го.
Издувување е работа на моторот на високи обртаи одреден период, а со компресијата се исфрла карбонот кој е наталожен.
Пробав 4та, 120км 3500 обрата. Откако ми рекоа од сервисот дека треба, пробав по патот накај дома, прво ја возев 5та 140-150, ама пошто не беше автопат имаше и подзастанување поради други автомобили.
Потоа така беше едно 30км, потоа оклу 10км возев 4та 120км 3500 обрата уште едно 5-10минути, оно ти викаш требало обратно. Баш ке пробам кога ке сум на автопат така.
Инаку, кога застанав пред гаража да паркирам, ми се појави проблем со уље(црвено канче уље), а пред една недела дотурив 1л али така дотурам секоја година зошто возам подолги релации(околу 30-40к годишно). Проверив да не треба пак да дотурам, ама си покажува ок ниво на уље.
Чудно ми беше и не знам што значе црвено канче уље, кога е жолто тогаш обично треба да се дотури, а сега беше црвено. Истотака ми се случи во Немачка на автопат(испробував максималната брзина) и застанав, отидов до вц, се растргнав малце и потоа се беше ок.
Дали од преголеми вртежи се каче температурата на моторот, се прегрее уље или штотизнам, ама го приметив тоа еднаш кога возев на автопат и ете сега ми покажа.
Па подобро ке сменам катализатор(или што и да е) доколку се запуши/расипе од “неиздувување на моторот“, отколку да направам поголем проблем.