Не се разбирам али колку што знам , колата да е испрана и полирана и восоцирана е 70% зафат ради естетика, 30% заради заштита.
И ми се допаѓа, затоа и секоја година редовно го правам тоа...
Е сега, керамиката, ако не се лажам за таа цена е 100% заштита....но не знам точно од што.
Живеам во Скопје и паркирам во катна гаража...
Дали керамика ке ме заштити од:
- скопски град како лани летото.
- вдлабнатина/гребаница од отварање на врата на соседната кола паркирана до мене во катна.
- гребаница од клуч на некој кој немал м*да лично да ми каже што мисли, па се искажал на мојата кола.
- гребаници на пластични лајсни на преден и заден браник кои сум ги потчукнал поради непрегледонст при паркирање..
итд.
Прашувам бидејќи во сите овие случаи, со каско осигурвање го решавам проблемот.