Влатче ние ја имаме истата правосмукалка дома купена од топ шоп пред 3-4 години. Јас сум главниот навигатор за неа, златна папуча не ми бега. Можам само пофални зборови да кажам. Нема маани, лесно се одржува, нема филтри за менување, значи целата прашина завршува во стаклен сад кој само се отвара и се исфрла прашината од него. Има неколку додатоци со неа: за теписони, за понедостапни места едно куренце подолго, едно пократко јебемлига зошто служи, и уште едно за мазни површини лесно достапни. Е ова последното ми е омилено. Не ги знам овие другиве што ти ги препорачаа колегиве, во секој случај разгледај си. Од мене препорака за шаркот.