Одлично тајмерче. Вреди да се чува и да се инвестира во него. Кога би бил јас на ваше место би му фукнал една K&N печурка и безобразен издув за да правам терор по улиците (дур не е забрането со закон)
Дефинитивно може да добие нов филтер за воздух, спортски.
Во врска со издувот, забрането е колку што знам, во Струмица до сега не сум имал проблеми со тоа. Моментално има само еден среден лонец, но ќе добие уште еден што фали и нов заден, да биде културно.
Инаку, мал апдејт околу тоа што се работеше изминатиот период.
Колата беше стоена најмалце една година, и некои од деловите си покажаа дефекти кратко после пробното возење.
Така серво пумпата беше отидена, и воланот беше лесен само при високи обртаи на моторот, во место беше хорор за мотање...
Барајќи заменски дел, за голф 3 ВР6 скоро па невозможно да се најде, помислив дека од Голф 4 може да пасува.
Па набавив серво пумпа од Голф 4 ВР5, која беше скоро па идентична.
Разликата - огромна. Лесен волан, со оглед дека колата вози 215 гума, и самата пумпа го нема тој карактеристичен звук на мачење при вртење до крај лево - десно. Слики во наредна прилика.