Автор Тема: Некаков реалистичен Dream Car?  (Прочитано 38801 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Некаков реалистичен Dream Car?
« на: 25 Јануари 2017, 12:53:37 pm »
Сите ние седиме и си сањариме за вакви-или-онакви возила од соништата. Ретко кој од нас всушност успева да си купи некаков дрим кар. Секоја чест на Клен за М5-ката.

Мене некако во глава ми се врти првата генерација Audi R8, и тоа V8 моделот со мануелен менувач.



- 4.2-литарски атмосферски V8
- 420 коња, 430 Nm.
- 0-100 за респектабилни 4.6 секунди
- 301 км/х VMAX
- Субјективно, изгледа одлично. :)

Она што ми се свиѓа баш кај овој мотор е дека добриот и проверен V8 што Audi го става во неколку работи, вклучувајќи го и тогашниот RS4. Тоа значи дека е проверен, доверлив, издржлив и релативно лесен за одржување. Читав по форуми дека редовен сервис (уље + филтри) кошта околу 200-300 евра.

Во Германија веќе почнуваат да имаат прифатливи (пфффт!) цени - early коли почнуваат да чинат по околу 45.000 евра, а сите имаат прифатлива километража, да речеме меѓу 50.000 и 80.000 километри. Возени коли се, не се стоени..

Чисто онака си фантазирам. Некоја друга идеја?

И да не главиме со MX-5-за-4000-евра. Дајте нешто конкретно. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #1 на: 25 Јануари 2017, 13:00:33 pm »
On the top of the list ми е ова.

1967 Ford Mustang Fastback, црна боја.




Листата понатаму ми е долга, ама кога би бирал, ова би го зел пред се друго. Буквално се друго. Да, буквално!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #2 на: 25 Јануари 2017, 13:02:03 pm »
Поентата ми беше да избереме нешто што ќе може да се увезе, регистрира и релативно лесно да се оддржува во Македонија.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #3 на: 25 Јануари 2017, 13:09:09 pm »
Кај мене е Алпина. Дали Б3/Д3 или Б5/Д5 не е битно. Дури и повеќе ми се допаѓа идејата отколку М3/М5. Не знам зошто. Цените околу 20-30к евра за добар примерок.

Најверојатно, во некој период од животов (ако ги имам можностите) ќе возам Алпина. Ако не. Живи и здрави. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #4 на: 25 Јануари 2017, 13:10:55 pm »
Пред некој ден во Скопје видов Е90-базирана Alpina D3. Си се лизгаше по снеговите. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #5 на: 25 Јануари 2017, 13:14:54 pm »
Поентата ми беше да избереме нешто што ќе може да се увезе, регистрира и релативно лесно да се оддржува во Македонија.
1) Може да се увезе
2) Може да се регистрира
3) Релативно лесно да се оддржува, е тоа веќе дискутабилно. Со пари, се релативно лесно се оддржува.  :)


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #6 на: 25 Јануари 2017, 13:23:22 pm »
Скромно,Citroen DS, црн со бел кров и да умрам среќен :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #7 на: 25 Јануари 2017, 13:33:25 pm »
Скромно,Citroen DS, црн со бел кров и да умрам среќен :)

Блиску ти е сонот



Не го знам човекот.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #8 на: 25 Јануари 2017, 13:37:25 pm »
Ух мајке му,како мал ме возеа неколку пати во бел, симпо шо беше паркиран години, го нема веќе, и боримечка има еден растурен 5/6 илјади евеј му бара пашето..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #9 на: 25 Јануари 2017, 13:38:58 pm »


- 2006
- 5.4 лит. supercharged  V8
- 493 КС / 700 НМ на 2600 обртаи
- Max. брзина  - над 300 км/ч без лимитер.
- Цените моментално на очуваните модели со мала километража се...кхм...прифатливи за вакво колиште.

Субјективно, ова е најубавиот Мерцедес кој освен што е ненормално брз, воедно ја нуди најудобната вожња која може да ја понуди кола со ваков изглед, поготово сега кога и Мерцедес како и Ауди почнаа да ја прават Ц , Е и Ес класата со разллики само во димензиите, но не и дизајнот.

Од аспект на квалитет нема што да се каже...Мерцедес..АМГ.

За делови, Мерцедес се (мислам) единствен бренд кој произведува резервни делови за сите свои модели.
Скапа (не слаба) точка е АБЦ системот, но тука збориме за dream car, така да...ќе се снајдам.:)





Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #10 на: 25 Јануари 2017, 13:44:21 pm »
Maserati Granturismo 4.2 со добро познатиот F136 V8 мотор,у имачка почнуват од 35К па нагоре


Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #11 на: 25 Јануари 2017, 13:50:00 pm »
Не ми е толку м5ката дрим кар, левото јајце би си го дал за ЛФА или 458 италија.




Mожат да се увезат/регистрираат ама буџетот на РМ ќе рипне драстично после давачки, за сервиси ќе мора надвор од тука најверојатно, сите коли кои ги сонуваш се најчесто не достижни. Тоа што ми е достижно ко супра 2јз или е46 м3 неможе да се увезе.




Како нешто утешно би земал од тука мустанг гт в8 мануел за година две, отворен сум за сугестии мака ми е многу од состојбата со коли денес.

Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #12 на: 25 Јануари 2017, 13:50:05 pm »
За делови, Мерцедес се (мислам) единствен бренд кој произведува резервни делови за сите свои модели.
Скапа (не слаба) точка е АБЦ системот, но тука збориме за dream car, така да...ќе се снајдам.:)

Wrong.

Porsche сеуште произведува делови за сите модели, од 356A па до 991.

Можеш да одиш во Porsche Македонија и да го порачаш делот и ти го испорачуваат.

Тука некаде е и VW (Classic parts одделение).

Иначе ABC можеш да се направи да биде стандард. А има фирма во Нови Сад што ги репарира за релативно мали пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #13 на: 25 Јануари 2017, 13:51:02 pm »
Па сега реалистичен е широк поим, ама штом е Dream Car значи дека е нешто благо над можностите. Ама достижен релативно лесно. Епа од такви работи јас би сакал да издвојам нешто вака.
Не се по некој редослед, ама еве вака би почнал.

1. Мицубиши Паџеро 3.2д, сив/црн. Мерак ми прави многу. Има многу простор. Многу е комфорен, многу е способен, не е нешто екстремно скап, не е нешто екстремно захтевен. Ако добро го чуваш ќе тера до 101 и назад. А искрено незнам за што би го сменил некогаш. Оптоварува домашен буџет, ама во некои пристојни рамки, а нуди стварно многу.


2. Citroen C5 Crosstourer Hydractive црн/сив. Мерак ми прави многу. Има многу простор. Дефиниција е за комфор без конкуренција. Не е нешто прескап, а и убаво има паѓа цена на цитроените. Веќе нема вакви коли со ваква вожња каква што јас барам, освен ако не одиш на кола под точка еден. Поефтина за одржување, поефтин за се, поекономична од горната. Попристапна. Ама сеуште е пренова и нема баш примероци доволно за да се земе половна. Ама ќе дојде и тоа време за кратко. Нуди, според мене највеќе што може една кола да понуди.


Е така. И варијации на тема секако.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Некаков реалистичен Dream Car?
« Одговори #14 на: 25 Јануари 2017, 13:55:19 pm »


Иначе ABC можеш да се направи да биде стандард. А има фирма во Нови Сад што ги репарира за релативно мали пари.

Не е поентата да е стандард.
Туку да го спуштам на дугме фластер до земја, а дупка да не се осеќа.