Здраво друштво,
Најпрво, среќни празници до сите..
Размислувам да купам мало возило за понежнава половина, па у моментов разгледувам различни опции..
Количето (го викам мало пошто треба да биде мало) не се купува у мк и нема да се вози у мк..
Е сега за изборот, ми се вртат неколку модели кои би сакал да ги разгледам и да ги пробаме со жената заедно.
Викендов зирнав една нисан микра од 2005 и искрено сум изненаден од истата. Скоцкан ентериер, тивок мотор, квалитетни елементи и у глобала у солидна состојба. Истата може да се види на линков:
http://www.autoscout24.ch/it/d/nissan-micra-piccola-auto-2005-occasione?index=4&make=57&model=381&priceto=2000&prop=1&st=1&vehid=4493450&vehtyp=10&returnurl=%2fit%2fautomobili%2f57--micra%3fmake%3d57%26model%3d381%26priceto%3d2000%26prop%3d1%26st%3d1%26vehtyp%3d10%26r%3d5Дали некој има искуство со овие? Читав на нет дека немаат нешто проблеми и дека се солидни. Конкретнава микра е со релативно помала километража од останатите што ги видов и е сервисирана комплет. Единствен голем проблем би бил ако пролупа ланчето и тогаш нема чаре (читај не се исплаќа да се поправа), али тоа го прочитав дека се случува многу ретко..
Еве и некои мои слики
Мој личен фаворит е поло од 2002/2003, поточно моделите со дупли круг фарови (1.2 или 1.4), само сеуште немам најдено некое во близина за да го земам за тест драјв.
Исто симпатично возило ми е Корса од ист годишен ранг, но гледав еден тест што малку ме одврати, на кој беше доста нагласено дека квалитетот на ентериерот е многу лош.
Исто гледам и пунтовци од 2005 (стандард кола), како и пежовци 107 или 206ки.. 206ката ми е доста симпатичен модел, али имам слушано проблеми со задниот трап, па не знам како би можел да селектирам модел кој што е у добра состојба.. Исто гледам французиве тука се доста ефтини а и искрено не сум некој фаворит на истите, али кога би се нашол добар модел, зашто да не..
Од се ова што набројав, морам да признаам дека Микрата некако ми се мота у глава неколку денови..
Ме интересира мислења, искуства и препораки за наведениве модели...