Автор Тема: Половно возило - Нисан Микра, Поло, Корса Ц, Пунто, Пежо 107 ?  (Прочитано 24064 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Здраво друштво,

Најпрво, среќни празници до сите..

Размислувам да купам мало возило за понежнава половина, па у моментов разгледувам различни опции..
Количето (го викам мало пошто треба да биде мало) не се купува у мк и нема да се вози у мк..

Е сега за изборот, ми се вртат неколку модели кои би сакал да ги разгледам и да ги пробаме со жената заедно.
Викендов зирнав една нисан микра од 2005 и искрено сум изненаден од истата. Скоцкан ентериер, тивок мотор, квалитетни елементи и у глобала у солидна состојба. Истата може да се види на линков:

http://www.autoscout24.ch/it/d/nissan-micra-piccola-auto-2005-occasione?index=4&make=57&model=381&priceto=2000&prop=1&st=1&vehid=4493450&vehtyp=10&returnurl=%2fit%2fautomobili%2f57--micra%3fmake%3d57%26model%3d381%26priceto%3d2000%26prop%3d1%26st%3d1%26vehtyp%3d10%26r%3d5

Дали некој има искуство со овие? Читав на нет дека немаат нешто проблеми и дека се солидни. Конкретнава микра е со релативно помала километража од останатите што ги видов и е сервисирана комплет. Единствен голем проблем би бил ако пролупа ланчето и тогаш нема чаре (читај не се исплаќа да се поправа), али тоа го прочитав дека се случува многу ретко..

Еве и некои мои слики







Мој личен фаворит е поло од 2002/2003, поточно моделите со дупли круг фарови (1.2 или 1.4), само сеуште немам најдено некое во близина за да го земам за тест драјв.
Исто симпатично возило ми е Корса од ист годишен ранг, но гледав еден тест што малку ме одврати, на кој беше доста нагласено дека квалитетот на ентериерот е многу лош.

Исто гледам и пунтовци од 2005 (стандард кола), како и пежовци 107 или 206ки.. 206ката ми е доста симпатичен модел, али имам слушано проблеми со задниот трап, па не знам како би можел да селектирам модел кој што е у добра состојба.. Исто гледам французиве тука се доста ефтини а и искрено не сум некој фаворит на истите, али кога би се нашол добар модел, зашто да не..

Од се ова што набројав, морам да признаам дека Микрата некако ми се мота у глава неколку денови..

Ме интересира мислења, искуства и препораки за наведениве модели...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Да, за женско е :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Corsa C има катастрофален интериер.

Јас би одел Punto/Polo за тие пари.

206-ка, убав дизајн, интериерот страда од евтини материјали, тапа за одржување (високи цени).

Мајтап на страна, мислам дека Микрата добро се покажа. Лично само дизјанот ми е одвратен.


Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Corsa C има катастрофален интериер.

Јас би одел Punto/Polo за тие пари.

206-ка, убав дизајн, интериерот страда од евтини материјали, тапа за одржување (високи цени).

Мајтап на страна, мислам дека Микрата добро се покажа. Лично само дизјанот ми е одвратен.


Да, дизајнот на микрата е специфичен...само од аспект да функционира едно 2 години, би бил задоволен..
А за корса мн бев запален, али после неколку ревјуа, гледам дека сите го плукаат интериерот..

Ми фали да видам и да пробам Поло и после тоа би донел некој заклучок..

Како и да е, што повеќе информации приберам за моделиве, толку подобро..поточно мани, дефекти и сл...

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Од колите кои ги наброја мислам дека полото ти е најдобар избор.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
206-kata не ескапа за одржавање, да се разбереме. Карпатиан ова ти е втора опомена на истава тема.

@Klen, Полото му е најлош избор, тоа е најнеквалитетната и најкварливата кола од сите во изборов. Никаков ентериер, никаква ергономија, лоша прегледност, лош хендлинг, катастрофални кочници, ретровизори во кои ништо не се гледа, мотори на кој треба да им се молиш да не се расипат (освен еден или два од дизелите).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Од колите кои ги наброја мислам дека полото ти е најдобар избор.
Дефинитивно.
Микрата има доста ниски цени за половно може да се најде некоја ептен ефтина.

206-kata не ескапа за одржавање, да се разбереме. Карпатиан ова ти е втора опомена на истава тема.

@Klen, Полото му е најлош избор, тоа е најнеквалитетната и најкварливата кола од сите во изборов. Никаков ентериер, никаква ергономија, лоша прегледност, лош хендлинг, катастрофални кочници, ретровизори во кои ништо не се гледа, мотори на кој треба да им се молиш да не се расипат (освен еден или два од дизелите).
« Последно менување: 10 Јануари 2017, 14:16:09 pm Deni »

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
http://www.reliabilityindex.com/reliability/search/285
http://www.reliabilityindex.com/reliability/search/69
http://www.reliabilityindex.com/reliability/search/182

Тука негде се сите, не измислувај глупости. Микрава да му ја препорачам ќе треба јајцата во тегла да си ги ставам.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Половно возило - Нисан Микра, Поло, Корса
« Одговори #9 на: 10 Јануари 2017, 14:28:13 pm »
206-kata не ескапа за одржавање, да се разбереме. Карпатиан ова ти е втора опомена на истава тема.

Лично јас ја правев листата за едно возило што требаше да се средува 2012 година во Еуроимпекс.

Ми се повраќаше кога ги читав цените.

Ако се сеќавам добро 400 евра беше само брзинометарот (тоа шалт таблата). Зошто? Затоа што старата губеше контакт па ајде морало нова па ајде 400 евра.

Се потрудив да го најдам ценовникот што ми го понудија ама стар mail не успеав да го најдам. Ќе ти се крени косата.

Сега можи се сменети некои работи, доста aftermarket делови. Тогаш беше изгор скапо.

Имам другар со 607-ца што ми го потврди истото. Сеа нема да лаже човек што има две Пежоа дома (106 и 607).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Глупости. Брзиномерот бил скап, губел контакт, све тоа се средува.
И мене дисплејчето кога ми пукна на спаркот ми бараа 350 евра за нова табла, ја сменив со скоро нова за 2500 денари.
Цела година имав такво пежо, све на него сменив, уопште не беше скапо за одржување, нормални цени како и за секое друго возило со слична набавна цена.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Рено Клио серија 3?разгледај,синот мој има 1.2 16в 75кс.Една година досега и топ е количето.Делови освен плочки 1200 ден и сет кумплунг 7000ден ништо друго.Сега не ставам во одржување,гуми спортски,бандаши спортски,хенон.....и триста глупости што го фатиле бесот,спирали eibach итн.Нема на тоа количе ни што да се расипе,едноставно е се на него и некомлицирано.
https://youtu.be/5ayZ7vtyf8M
« Последно менување: 10 Јануари 2017, 15:14:03 pm TE-EN »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
За овие мали колички јас секогаш би избирал бензин, рено клио дизелите не се погодени ич, најчесто некоја си пумпа(бош пумпа) е кварлив дел, лично од пријатели сопственици на клио од 1999-2004. Микрата, постариот модел ми се многу повеќе допаѓа отколку новиот, збореме за изглед, а за моторите, не сум слушнал да се пожалат од постарите модели, белки и новите се погодиле. Пежо 206 отсекогаш ми се свиѓала на изглед, додека еден другар не си купи и за 2-3 месеци ја продаде зошто скапи делови и многу глупи ситници често се расипуваа. За женско, микрата најмногу личе, гласам за микрата.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Брат ми има клио 1.2 од 2001ва..Солидно количе, тивко, економично и брка работа...Немал квар поголем, но има нешто што го зеза од време на време, као на пример наеднаш му текнува да не пали и да го утепа од верглање, ништо не се дешава..

Го носеше неколку пати по сервиси, сите дигаат раменици и викаат нешто со електрониката, но неможат да најдат ништо...
Такви работи ми се избегава, а досега искуство имам со фиати и волксвагени, така да не знам мн за нисани и останати брендови..




Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Половно возило - Нисан Микра, Поло, Корса
« Одговори #14 на: 10 Јануари 2017, 16:34:14 pm »
dupli post...sorry
« Последно менување: 10 Јануари 2017, 17:12:49 pm WorM »