Автор Тема: „Евтино телефото“ дилема  (Прочитано 4918 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
„Евтино телефото“ дилема
« на: 27 Декември 2016, 11:07:57 am »
Sigma 70-300mm F4-5.6 DG Macro

или

Canon EF 75-300 III?

Со вториот имам искуство и начелно сум задоволен. Првиот е малку поевтин и има макро можност.

Интернет крева раменици - едни викаат вака, други онака.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: „Евтино телефото“ дилема
« Одговори #1 на: 27 Декември 2016, 11:36:06 am »
Хмммм. Зошто има макро можност? Зошто така пишува во насловот. Ајде да провериме.

Сигмата има 0.31 максимална проекција. Некаде читам и 1:2. (Макро се смета за 1:1 проекција чисто за споредба)
А канонот има 0.25 според интернетов.

За да не се замајаваме со зборови поубаво е со бројкиве погоре. Еве и споредба овие би биле некаде 1:2, 1:3 и 1:4 соодветно:


На толку големи фокусни далечини многу корисно е да има стабилизација:

За конкретниве викаат дека канонот не е остар (таман работа да е) и дека има многу хроматска аберација насекаде. За лабавење мех ќе врши работа. Сигмата за буџет доста повеќе ја фалат, ем има АПО, за под 200мм треба да е пристојна.

Сугестија моја, ако те занима макро е да видиш некаде за проба некоја макро леќа. Тамрон 90мм е многу распростарнета и се наоѓа половна, никон 105ВР е страшно нешто, има и други. Ама има и Сигма 150мм и Сигма 180мм исто макро. Ако имаш шанса обавезно да се види ова. Чисто за да видиш прав макро објектив.

И втора работа. Тебе реално не ти треба којзнае каков буке, и којзнае какви карактеристики. А сакаш д'лгнаести објективи. Има една интересна работа. :) Рефлекс објектив. Тие се сериозно ефтини, а нудат 500, 800мм фокусни растојанија. Можда би те заинтересирало и тоа.

Од твоиве наведени јас би ја земал Сигмата или некој значително понов Канон.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: „Евтино телефото“ дилема
« Одговори #2 на: 27 Декември 2016, 14:04:40 pm »
Хмммм. Зошто има макро можност? Зошто така пишува во насловот. Ајде да провериме.

И да нема не ми мења многу пошто пред се телефото ми треба, а немам никакво (не знам дали ви се пофалив дек ами ја украдоа цела фотоопрема пролетоска, со се прекрасната винтиџ made in ussr 300/4 леќа)

Тебе реално не ти треба којзнае каков буке, и којзнае какви карактеристики.

зашто бе, кој неќе тоа? на фото-ентузијаст (не профи) реално ништо не му треба, он сака :)

А сакаш д'лгнаести објективи. Има една интересна работа. :) Рефлекс објектив. Тие се сериозно ефтини, а нудат 500, 800мм фокусни растојанија. Можда би те заинтересирало и тоа.

ги знам тие. немаат зум (фиксни се) и не се баш џенерал прпс ко што ми треба на мене.

Од твоиве наведени јас би ја земал Сигмата или некој значително понов Канон.

готово, пазарена е сигмата, само што се вратив од пиксплус. и мене накај неа ми тераше, а откако преѓе го прочитав твојот пост, кантарот претежна. фала

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #3 на: 27 Декември 2016, 17:07:06 pm »
За арно за убаво.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: „Евтино телефото“ дилема
« Одговори #4 на: 27 Декември 2016, 21:32:19 pm »

готово, пазарена е сигмата, само што се вратив од пиксплус. и мене накај неа ми тераше, а откако преѓе го прочитав твојот пост, кантарот претежна. фала

Фрли тука некоја рандом слика со инфо за експозиција, ако не ти е тешко...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.