Автор Тема: Astra H потенцијален проблем со подвозје  (Прочитано 5152 пати)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Astra H потенцијален проблем со подвозје
« на: 26 Декември 2016, 10:40:21 am »
Здраво дечки,

Имам Opel Astra H 1.4 од 2006 година и од пред некој ден кога вртам полн круг од место и поаѓам, (безразлика лево или десно) се слуша некој звук клак-клак-клак (сеуште немам откриено од која страна доаѓа звукот) се додека колата не добие на забрзување или пак свртам и продолжам да возам право. 

Поради тоа, ме интересира доколку можат поискусните да ми кажат што би можел да биде проблемот?

 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #1 на: 26 Декември 2016, 10:42:52 am »
Скоро сигурно проблемот е во зглобовите. Или дотрајале или скината ти е манжетна па маста истекла или примила нечистотија.
Не е ништо неочекувано, треба да се сервисира предницата кога ќе и дојде времето за сервисирање. Колку КМ имаш поминато?

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #2 на: 26 Декември 2016, 10:48:37 am »
Скоро сигурно проблемот е во зглобовите. Или дотрајале или скината ти е манжетна па маста истекла или примила нечистотија.
Не е ништо неочекувано, треба да се сервисира предницата кога ќе и дојде времето за сервисирање. Колку КМ имаш поминато?

Колата има поминато 134000 километри. Јас ја купив пред 3-4000 километри и дури сега почна да се слуша тој звук.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #3 на: 26 Декември 2016, 10:53:43 am »
АКо прави кр кр кр кр кр тогаш веројатно е зглобот. За кла кла кла не сме сигурни. Оди на мајстор да ти среди, едноставен квар, за пола сат се средува.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #4 на: 26 Декември 2016, 11:04:27 am »
Дефинитивно ќе оди на мајстор, само пред тоа сакав да видам мислење од поупатените :)

Препорачајте добар мајстор за потенцијалниот проблем на територијата на Скопје.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #5 на: 26 Декември 2016, 11:16:54 am »
Оди прво кај Тихо на Илинденска да види да ти каже што треба да се смени па потоа откако ќе смениш ќе се вратиш да центрираш предница.

Еве ти линк од streetview каде се наоѓа

https://www.google.mk/maps/@42.0076472,21.3955482,3a,75y,352.77h,79.46t/data=!3m6!1e1!3m4!1sHKA-FTNuFrYX_NeRwknizw!2e0!7i13312!8i6656

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #6 на: 26 Декември 2016, 11:25:07 am »
134к, па време му е, со оглед на тоа нашиве патишта какви се за никаде.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #7 на: 26 Декември 2016, 11:32:37 am »
Здраво дечки,

Имам Opel Astra H 1.4 од 2006 година и од пред некој ден кога вртам полн круг од место и поаѓам, (безразлика лево или десно) се слуша некој звук клак-клак-клак (сеуште немам откриено од која страна доаѓа звукот) се додека колата не добие на забрзување или пак свртам и продолжам да возам право. 

Поради тоа, ме интересира доколку можат поискусните да ми кажат што би можел да биде проблемот?

 

Јас имам Zafira B (иста предница имаме)

Претпоставувам за кој звук мислиш. И кај мене знае да го направи истото од време на време.

Не е баш типично крцкање на зглобовите.

Многу по пригушен звук вади.

На регистрација ништо не ми спомнаа дека нешто не е во ред на предница, ама не знам треба и јас да ја проверам. Долго време пролонгирам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #8 на: 26 Декември 2016, 11:38:01 am »
Миле, и 300к се малку за зглоб. Манжетните се круцијални.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #9 на: 26 Декември 2016, 11:52:42 am »
Таков (или сличен) звук имав и јас на мојата Астра. Испадна стабилизатор.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #10 на: 28 Декември 2016, 04:15:53 am »

На регистрација ништо не ми спомнаа дека нешто не е во ред на предница, ама не знам треба и јас да ја проверам. Долго време пролонгирам.

На регистрација и тркалото пред паѓање да е ке ти речат дека се е тип топ. :)

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #11 на: 28 Декември 2016, 09:43:31 am »

На регистрација ништо не ми спомнаа дека нешто не е во ред на предница, ама не знам треба и јас да ја проверам. Долго време пролонгирам.

На регистрација и тркалото пред паѓање да е ке ти речат дека се е тип топ. :)
хахахах Ракун бе ме изнасмеа уште по сабајле ;D

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #12 на: 28 Декември 2016, 12:13:36 pm »
Жива вистина, Ракунче.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #13 на: 28 Декември 2016, 12:22:32 pm »
На регистрација и тркалото пред паѓање да е ке ти речат дека се е тип топ. :)

И то шо викаш...

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Astra H потенцијален проблем со подвозје
« Одговори #14 на: 28 Декември 2016, 18:47:40 pm »

На регистрација ништо не ми спомнаа дека нешто не е во ред на предница, ама не знам треба и јас да ја проверам. Долго време пролонгирам.

На регистрација и тркалото пред паѓање да е ке ти речат дека се е тип топ. :)

Мене на технички ми рекоа дека колата е во извонредна состојба, другиот ден ми падна задното лонче.