Добар ден добри луѓе

Во предходниот пост се изјаснив дека сакам да купам Алфа (GTV/75), кога ќе и дојде време, но во периодот од тогаш до сега ми се јави една прилишно добра можност за e30-ка.
Иако сум страстен не-љубител (шо би се рекло по модерно хејтер) на BMW и на нивните возачи, ја обожавам е30-ката, и, со здравје да си ја возам.
Е сега, има еден проблем. Иако каросериски е прилично здрава (со минимална корозија на праговите), под хауба има 2.4d моториште, тешко, споро и жедно суштество. Па нормално, барам m42-ка, и тоа иде тешко.
Некоја идеја, контакт да споделите?
Grazie, или по ново Vielen Dank
