Автор Тема: Капачиња за бандажи  (Прочитано 2477 пати)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Капачиња за бандажи
« на: 11 Декември 2016, 13:12:01 pm »
Некој ми украл капаче за бандаж на м5ката изгледа му требало повеќе од мене, ако знае некој каде би можел да најдам или уште подобро тој што ми го украл да ми го шитне назад ;)
Многу ме нервира зашто изгледа вака


А треба да изгледа вака

Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Капачиња за бандажи
« Одговори #1 на: 23 Декември 2016, 09:26:08 am »
многу одамна ги крадеа на Реноата, а имаа од рено 4 па до рено 30 слични...гледав како дискутираат на автопазар, еден го советува тој што тргнал да бара да купи : ако купиш, пак ќе крадат... треба да не се купува... Ова не е ништо, крадат капачиња на пластичен браник а кој се поврзани со тенка пластична лента при изработката на браникот... ја кине и го зема, а без лентата и не стои тоа капаче, паѓа ...  амблемот на 5-та врата на фиеста не може да се вади па го изгребал за инат зошто не може да украде ништо... брисачот на 5-врата ми го искршија и извадија, , јас си импровизирав обичен брисач со мутерче од стара свекица, ете веќе 10 години никој не го краде или крши... тоа е тоа кај нас...

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Капачиња за бандажи
« Одговори #2 на: 23 Декември 2016, 11:27:31 am »
Што да им правиш, и ретровизорот ми го украдоа мене од друга кола, од "обезбеден паркинг" среќа тоа се наоѓа поволно али во друга боја, чекам да фати пролет да го фарбам и него и цела кола.
Јас им простувам, што да правам не вреди да се нервираш. Само се молам да не го начекам на дело, стварно незнам како ќе изреагирам, поише се плашам за него, нејќам никој да повредам.
Ми фали автопазар многу, со стариот бог да го прости еднаш месечно обавезно одевме, таму се заљубив во коли, секој пат се наоѓаше нешто интересно од звучници до алати и свашта.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата


Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Капачиња за бандажи
« Одговори #4 на: 23 Декември 2016, 12:38:36 pm »
Си имам проблем со поштата наша, го сменија поштарот, ставиле некој дудук од партија што воопшто не се појавува на работа и на цела улица сметки не ни стигаат со месеци. Од пошта буквално со овие зборови ни одговараат, "Што да правиме партиски е вработен неможеме ништо да направиме" Од али досега 2 пати ми се има вратено назад пакетот.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Капачиња за бандажи
« Одговори #5 на: 23 Декември 2016, 15:52:53 pm »
Внеси шипинг адреса на пријател/роднина кај што стига пошта :)
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Капачиња за бандажи
« Одговори #6 на: 23 Декември 2016, 16:51:35 pm »
Внеси шипинг адреса на пријател/роднина кај што стига пошта :)

Барем за капачињава искористи ја оваа финта, и нарачај си два сета и за следен пат ако се случи. Ако не се случи, барем за други коли ќе ти заврши работа.