Автор Тема: Прашања поврзани со DPF филтер  (Прочитано 34191 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања поврзани со DPF филтер
« Одговори #90 на: денес во 09:18:01 »
Штета што немам слики. Кај 99% од случаите се сечи лонецот (или уште полошо се буши со бургија), се вади саќето и се заварува, па колата е бучна. Треба да се испразни лонецот, да се завари цевка издувна внатре (перфорирана по можност) и околу неа да се наполни лонецот со  огноотпорна стаклена волна (за ауспуси).

Исто така многу турбини од коли се дизајнирани да работат со контра притисок и затоа непосредно по исклучувањето на дпф откажува турбината.
« Последно менување: денес во 09:31:38 nestor04 »

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
Одг: Прашања поврзани со DPF филтер
« Одговори #91 на: денес во 09:24:15 »
Уствари ДПФот треба да се обработи и преправи во резонатор :) или да се нарача веќе готов резонатор од интернет и да се завари на местото на ДПФот од старт

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања поврзани со DPF филтер
« Одговори #92 на: денес во 09:26:23 »
Точно така.

Исто така би рекол дека уште поважно е софтверското исклучување (ја исклучуваат само сондата да не чита, а тоа е погрешно), на две коли (моја и од дедото) поради погрешно исклучување мораше да се исклучува одново.
« Последно менување: денес во 09:44:50 nestor04 »