Автор Тема: Opel Meriva A 1.7 CDTI  (Прочитано 77659 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #120 на: 24 Август 2017, 15:43:11 pm »
Епа вака... Денес си ја земав колата од сервис, беа сменети повеќе работи, па да забележам:

-сменети 2 црева од системот за ладење, капеше антифриз
-сменети јабучиците на трапот и двата стабилизатори, немаше симптоми ама и онака трапот беше симнат ради промената на сетот квачило, па превентивно беа сменети
-сменети ламела, потисна, друк лагер и замаец
-исчистен EGR вентилот и цевките после него
-заменет резерварот за нафта, беше искривен цел поради ставеното невентилирачко капаче

И тоа е тоа за сега, следно да се надеваме редовен сервис во октомври-ноември.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #121 на: 24 Август 2017, 15:48:54 pm »
На здравје!!!!

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #122 на: 12 Ноември 2017, 09:56:49 am »
Како си задоволен од колата после една година користење? Мене ме привлекува овој модел заради практичноста, просторот и удобноста. Не сум се возел во ваква ама од тестови што гледам на YouTube прилично е фалена.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #123 на: 12 Ноември 2017, 11:17:18 am »
Како си задоволен од колата после една година користење? Мене ме привлекува овој модел заради практичноста, просторот и удобноста. Не сум се возел во ваква ама од тестови што гледам на YouTube прилично е фалена.
Тие практичност, простор и удобност ми беа и мене главни причини за да се одлучам.

Колата е супер (барем за мене). Доволно ми е брза, доволно има простор, у поглед на одржување ништо поскапа од сличните коли, достапност за делови на секој чекор (од евтини до екстра скапи), нормална потрошувачка за кола од тој тип и тоа годиште...

Поминав и зимо и лето, и градски релации и подолги релации. Нешто помалце од 10.000км за една година. 90% од работите што ги сменив беа потрошен материјал - работи кои според километражата им беше време да се сменат...

Генерално сум задоволен.

Ако сакаш, ти стојам на располагање, помини, разгледај, пробај...

Ако можам било како да помогнам, или ако нешто поконкретно те интересира, кажувај.

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #124 на: 18 Ноември 2017, 10:18:37 am »
Денеска втора регистрација у наша сопственост.

Технички, давачки, полиса, зелен картон, АМСМ членство - се комплет околу 17.000 ден.

На технички, без проблеми. Одлична кондиција.



Sent from my Redmi Note 4X


Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #125 на: 01 Декември 2017, 23:59:31 pm »
Денеска втора регистрација у наша сопственост.

Технички, давачки, полиса, зелен картон, АМСМ членство - се комплет околу 17.000 ден.

На технички, без проблеми. Одлична кондиција.



Sent from my Redmi Note 4X


Еее извини дури сега ми текна да видам дали си одговорил на прашањето погоре :) Честитки 2-ра регистрација, да се множат и со многу поминати км.
Многу некако регистрацијава...колку се зелениот картон и членството во АМСМ?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #126 на: 02 Декември 2017, 00:11:55 am »
Зелен картон - 5600мкд.
Членство - 990мкд.
Плус што немав попуст на полиса зошо сменив компанија (а не се замарав да го задржам, ипак само 5% беа у прашање) и осигурање на патници.

Фала иначе, да си купиш уше поубава (ако не си купил до сеа) и да си ја изнавозиш.

Sent from my Redmi Note 4x

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #127 на: 02 Декември 2017, 11:56:53 am »
Мислам дека попустот ти следи без разлика на промена на компанија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #128 на: 02 Декември 2017, 12:33:48 pm »
И јас мислам дека е така...

Ма да 1000 луѓе, 1000 различни муабети. На крај краева и не ми беше битно. Не ја видов старата полиса за да споредам...

Edit: да, има попуст. 500 и нешо денари. Таман си е.

Sent from my Redmi Note 4x
« Последно менување: 02 Декември 2017, 12:59:17 pm KaZaN »

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #129 на: 02 Декември 2017, 14:18:07 pm »
За моторот горе-долу е познато дека е добар со одредени редовни “маани“ што ги имаат дизелите. Ме интересира внатре кое ниво е квалитетот? Пример пластики, централна конзола, разни прекинувачи, ракети, рачки внатре и надвор, седишта (штофот и тапацирањето) итн...фабричко радио е сериска опрема или зависно од нивото?
Дали можда подобра варијанта би била 1.3 цдти или пак 1.6 бензин, споредено со потрошувачка и одржување во однос на 1.7 цтди?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #130 на: 02 Декември 2017, 15:54:16 pm »


За моторот горе-долу е познато дека е добар со одредени редовни “маани“ што ги имаат дизелите. Ме интересира внатре кое ниво е квалитетот? Пример пластики, централна конзола, разни прекинувачи, ракети, рачки внатре и надвор, седишта (штофот и тапацирањето) итн...фабричко радио е сериска опрема или зависно од нивото?
Дали можда подобра варијанта би била 1.3 цдти или пак 1.6 бензин, споредено со потрошувачка и одржување во однос на 1.7 цтди?

Внатре, солидно. Цврсти пластики, до сега без знаци на дотрајаност или оштетување. Тропкања и крцкања нормални за кола стара повеќе од 10 години, али ништо страшно или неподносливо. Ракета, дугмиња, конзола сосема ОК, како сите опели од тоа годиште (не е пренатрупано со копчиња, нешто измеѓу Корса Ц и Астра Х). Рачките се добри сега за сега, не се излупени или оштетени, како надвор така и внатре. Седиштата се ОК, не се WOW, не се ни лоши... Штофот и тапацирањето се супер квалитетни, само секоја флека макар и од вода се познава. Радиото е различно кај различни годишта и ниво на опрема. Ова што го иам јас е без мп3. Освен тој факт, се друго е супер. Има 4 звучници и 2 твитери на предни врати. 1.3цдти го имаш во фејслифт мерива, од 2006та па натаму, што значи у принцип ќе ти биде поскапа да ја купиш. Инаку мотор како мотор е супер (фиатов мултиџет), издржлив, на ланче и прилично економичен, само не знам како се однесува на каросеријата на меривата (околу 1200кг). Бензинецот е 1.6 со 100тина коња, луѓе го конвертираат на плин и немаат мака. Малце е потромав, ама поевтин за одржување од дизелите.

Тоа е тоа од прилика што ми текнува...

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #131 на: 18 Јануари 2018, 14:53:00 pm »
120.950km

Сменето:
-филтер за масло
-филтер за клима
-филтер за воздух
-масло
-предни дискови и плочки.

Сега за сега, тоа.

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #132 на: 18 Јануари 2018, 15:50:25 pm »
читав дека мерививе имале голем проблем со сервото. знаело на сред возење да откаже, се вртел воланот, но многу потешко, што според мене е голем безбедносен ризик. Си приметил некој таков проблем кај тебе?

Sent from my wt88047 using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #133 на: 18 Јануари 2018, 15:55:11 pm »
читав дека мерививе имале голем проблем со сервото. знаело на сред возење да откаже, се вртел воланот, но многу потешко, што според мене е голем безбедносен ризик. Си приметил некој таков проблем кај тебе?

Sent from my wt88047 using Tapatalk
Година и 3 - 4 месеци (и околу 10.000км), секој ден се вози колава, такво нешто се нема десено.

Се надевам нема и во иднина.

Sent from my Redmi Note 4x

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #134 на: 18 Јануари 2018, 16:03:45 pm »
Претходно се коли со серво ли возевте? Ако откаже ќе довозиш без него незнам што е проблемот.