Во саботата, после мал пикник, влагам у кола за накај дома, пуштам клима... Климата не работи...
Однесов у сервис. Прво проверија како е нивото на фреон... Од пропишани 690грама, имаше начукано 830. Сепак испадна дека не е тоа главниот проблем. Проблемот беше у некој електромагнетен вентил на компресорот, па сменивме компресор. Сега се е во ред.
Дур бев веќе таму, напоменав да проверат што е причината што ми губи по малце антифриз... Испадна дека е водната пумпа. Па ја сменивме и таа.
И така. 😊