Како си задоволен од колата после една година користење? Мене ме привлекува овој модел заради практичноста, просторот и удобноста. Не сум се возел во ваква ама од тестови што гледам на YouTube прилично е фалена.
Тие практичност, простор и удобност ми беа и мене главни причини за да се одлучам.
Колата е супер (барем за мене). Доволно ми е брза, доволно има простор, у поглед на одржување ништо поскапа од сличните коли, достапност за делови на секој чекор (од евтини до екстра скапи), нормална потрошувачка за кола од тој тип и тоа годиште...
Поминав и зимо и лето, и градски релации и подолги релации. Нешто помалце од 10.000км за една година. 90% од работите што ги сменив беа потрошен материјал - работи кои според километражата им беше време да се сменат...
Генерално сум задоволен.
Ако сакаш, ти стојам на располагање, помини, разгледај, пробај...
Ако можам било како да помогнам, или ако нешто поконкретно те интересира, кажувај.
Sent from my Redmi Note 4x