Автор Тема: Промена на црева за кочници  (Прочитано 2836 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Промена на црева за кочници
« на: 21 Ноември 2016, 20:35:40 pm »
На постариве коли се случува да откажат кочниците.
Едниот случај е поради стар глицерин и кога ќе се обидеш да кочиш, кочницата скрос ти пропаѓа и со неколкукратен обид на стегање пак се враќа во нормала.
Друг случај е пукање на црево и истекување на глицеринот. Имам слушано дека се случува тоа, поради стари и оштетени црева.

Дали како редовен сервис би го ставиле и промена на црева? Да речиме еднаш на 6 години...

Инаку мојава кола има 11 години. Сега си порачав црева со глицерин, онака превентивно сакам да ги сменам.

И друго прашање имам, дали некој има искуство кај поновиве коли, дека ако пукни барем едно црево, не работи кочењето на сите четири тркала?

btw за ова многу малку се разговара, а е сериозна работа според мене. Најчесто не се прави промена од финансиски аспект или од незнаење...
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #1 на: 21 Ноември 2016, 21:29:12 pm »
Ако пукне црево кочница однемуваш, само рачна имаш, немора на 6 години малку е тоа, ама кога ќе се мењаат гуми или слично ќе се проверат и цревата, а и на технички ги гледаат цревата, ако има слаби ќе ти кажат.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #2 на: 21 Ноември 2016, 23:50:31 pm »
Ако пукне црево кочница однемуваш, само рачна имаш, немора на 6 години малку е тоа, ама кога ќе се мењаат гуми или слично ќе се проверат и цревата, а и на технички ги гледаат цревата, ако има слаби ќе ти кажат.

Мојава кола има 11 години, а претпоставувам дека не се сменети и затоа ќе ги сменам, и скрос нови да изгледаат навидум, годините си ги имаат и километрите. Досега имам реални 192000 поминато, што за фабричките црева е доволно. :)
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2016, 00:17:43 am »
Ако ти се гледаат напукнати и во не-одлична состојба, и уште ако има „поплаки“ по интернет дека им пукнале црева на коли ко твојата (модел/годиште/километри итн), сигурно да си ги смениш. Не е голема инвестиција за мирна глава.  Не е лошо да змеш плетени, ако финансиите дозволуваат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2016, 09:17:52 am »
Ако ти се гледаат напукнати и во не-одлична состојба, и уште ако има „поплаки“ по интернет дека им пукнале црева на коли ко твојата (модел/годиште/километри итн), сигурно да си ги смениш. Не е голема инвестиција за мирна глава.  Не е лошо да змеш плетени, ако финансиите дозволуваат.

Абе вака како што читам по интернетов, вика дека цревата пожелно било да се сменат спрема километрите и староста на колата, независно дали се 100% здрави на изглед. Како што е мојов пример, кола од 11-12 години старост со 200к км, пожелно е да се сменат.
А за плетени, сите се плетени од овие Premium бендови што ги рекламираат. Имаше Bosch, TRW, ATE, Texar, Brembo, Febi. Јас се одлучив за Febi, бидејќи имаше добар попуст од продавницава...
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2016, 20:45:23 pm »
јас ги зедов 700двете, им беше горниот слој напукнат,  мада арматурата т.е. плетлата беше коска. Не ми се розикува за 12евра некако... а и не е некоја инвестиција 700 ден. на 10год.  Патем ако е стар глицеринот ќе имаш тврда кочница, мене ми се деси да ми пропаѓа кочницата од централниот клип т.е. пумпата за кочници. Исто може да ти се деси ако е некој клип од тркалата, па провери ги. Ако се дупне црево нема веднаш да снемаш кочници, но ќе снемаш многу скоро(2-3 сопирања) и како што беше предходно спомнато ти останува рачна и очајно моторно кочење... Ако не држи кочницата т.е. ако пропаѓа кога ќе ја стегниш брутално до максимум за некои 15-20секунди значи некаде системот оушта глицерин. Од мене толку :)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2016, 20:47:29 pm »
Ако ти се гледаат напукнати и во не-одлична состојба, и уште ако има „поплаки“ по интернет дека им пукнале црева на коли ко твојата (модел/годиште/километри итн), сигурно да си ги смениш. Не е голема инвестиција за мирна глава.  Не е лошо да змеш плетени, ако финансиите дозволуваат.

Абе вака како што читам по интернетов, вика дека цревата пожелно било да се сменат спрема километрите и староста на колата, независно дали се 100% здрави на изглед. Како што е мојов пример, кола од 11-12 години старост со 200к км, пожелно е да се сменат.
А за плетени, сите се плетени од овие Premium бендови што ги рекламираат. Имаше Bosch, TRW, ATE, Texar, Brembo, Febi. Јас се одлучив за Febi, бидејќи имаше добар попуст од продавницава...
Само немој продавницата да е Бенфико, бидејќи немаат ништо оригинално...
Провери и во МегаАутопартс, имаат голем асортиман на АТЕ делови за кочен систем.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2016, 20:53:54 pm »
патем кај се наоѓа мега?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2016, 21:11:58 pm »
Имаат продавница кога одиш од Лисиче накај Цементара, на семафорите за накај пинтија вртиш и од десна страна ти доаѓа, има огромна табла.
https://www.google.com/maps/@41.9717722,21.4608824,3a,75y,196.99h,81.76t/data=!3m6!1e1!3m4!1sAtyK0lMIaGPa2QtsyvZWxw!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1
Или во чаир кај т-мобиле
https://www.google.com/maps/place/T-Mobile/@42.013798,21.4417682,233m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x0:0xf0a71de7acde1b7b!8m2!3d42.0139815!4d21.4428234

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #9 на: 23 Ноември 2016, 01:24:53 am »
Fala

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Промена на црева за кочници
« Одговори #10 на: 24 Ноември 2016, 09:05:30 am »
На Ладата ги имавме менувано од кога пукна едното.