На постариве коли се случува да откажат кочниците.
Едниот случај е поради стар глицерин и кога ќе се обидеш да кочиш, кочницата скрос ти пропаѓа и со неколкукратен обид на стегање пак се враќа во нормала.
Друг случај е пукање на црево и истекување на глицеринот. Имам слушано дека се случува тоа, поради стари и оштетени црева.
Дали како редовен сервис би го ставиле и промена на црева? Да речиме еднаш на 6 години...
Инаку мојава кола има 11 години. Сега си порачав црева со глицерин, онака превентивно сакам да ги сменам.
И друго прашање имам, дали некој има искуство кај поновиве коли, дека ако пукни барем едно црево, не работи кочењето на сите четири тркала?
btw за ова многу малку се разговара, а е сериозна работа според мене. Најчесто не се прави промена од финансиски аспект или од незнаење...