Автор Тема: Свиркање на ПК каиш на ладен старт  (Прочитано 7282 пати)

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« на: 17 Ноември 2016, 15:12:13 pm »
За проблемов веќе имам постирано неколку пати во темата прашања и одговори, но бидејќи сеуштет не е решен решив да отворам нова тема за да не се навраќам на секое и да ги цитирам битните делови од претходните постови.

Станува збор за Honda Civic 1.7 CDTI, 74kW, 2005 година.

На ладен старт, ПК каишот свирка (chirping на англиски, а не squealing) се додека не се загрее па потоа престанува. Најпрво сврикаше 20тина секунди кога го забележав во април, па потоа сред лето ретко свиркаше, претпоставувам поради повисоките температури, но сега откако паднаа температурите, свирка и до 2-3 минути откако ќе се запали колата.

Првиот мајстор ми рече дека се некои лагери. Ги смена, по месец дена пак почна. На друг мајстор му ги покажав лагерите што беа извадени, ми рече овие лагери немаат никаков проблем, џабе си ги менал. Денес ја однесов колата на вториов мајстор, и ми вика дека бидејќи шајбните што се во радилица каде што влегува ПК каишот се потрошени, таму каишот има луфта и заради тоа свирка додека не се загрее. Наводно ова не може да направи некој друг поголем проблем. Сега сакам да најдам нови шајбни но не можам да ги најдам во кааталог или како се викаат на англиски.

Можеби ова не може да допринесе до друг, поголем дефект, но свиркањето на ладен старт ептен ме иритира.

Дали некој имал сличен проблем?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #1 на: 17 Ноември 2016, 16:24:30 pm »
Види која димензија ти е каишот, на пример ако е 1750, и купи си пократок, неоја најблиска димензија,
најевтино решение. Втора варијанта е да ставишмалку Сјај за садови, ќе престане некое време да шкрипи,
ама пак би требало за малку пократок да се стави.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #2 на: 17 Ноември 2016, 17:28:44 pm »
Моментално го имам Gates 6PK1275, 6 ребра, 1275мм. Најблиску до тоа е 1270мм. Кога ќе се затегне пократкиот каиш, сигурно ќе нема некаков проблем пошо не е по спецификација?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #3 на: 17 Ноември 2016, 17:31:24 pm »
Pulley ти е ременица/шајбна на англиски.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #4 на: 17 Ноември 2016, 17:50:16 pm »
Nema da imas nikakov problem so pomal kais no vidi dali ovoj kais e istegna,koja golemina ide fabricki i dali zategacot stega dovolno...

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #5 на: 17 Ноември 2016, 18:03:12 pm »
Фала Игор, ќе рошнам по каталогот да видам што можам да најдам.

Даме, 1.7CDTI на форумов ми кажаа дека нема посебен затегач, и да, затегнат е како што треба. До Gates шифрата дојдов преку шифрата на оригиналот, сигурен сум дека е 1275мм.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #6 на: 17 Ноември 2016, 18:41:25 pm »
Види кој тип е каишот, купи си нов таков и замени го т.е однеси го на мајстор да ти го замени. Каишот си го извртел своето и затоа ти свирка. Кај мене свиркаше исто така на ладен старт и кога го заменив видовме дека е целиот испукан. Мојот каиш беше 4PK665. Во Солид ме кошташе 400 денари Contitech a работната рака во сервисот 500 денари. Инаку бројката после K е дијаметарот на каишот во mm. 1270 или 1275mm не ти менуваат многу.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #7 на: 17 Ноември 2016, 18:53:22 pm »
За жал не е до каишот. Го сменав пред една година. Го земав од солид. Звукот почна после 6 месеци откако го сменав (4000км). Да речеме ако помал каиш ќе го среди проблемот, ок, но не можам на рандом само да земам една димензија, па да пробам (1270), па ако не бива 1265 и така натака.

Во каталог најдов Generator Pulley 31141-PLZ-D00, но не знам дали е ова што треба да се смени. На гугл со оваа шифра не успеав да најдам афтермаркет дел. Друго pulley не успеав да најдам во каталог. Сега прашање е колку вкупно шајбни има.
« Последно менување: 17 Ноември 2016, 19:00:57 pm masterwu »
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #8 на: 18 Ноември 2016, 16:11:16 pm »
Најевтино е прво каиш, после се друго. ??? ???

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #9 на: 21 Ноември 2016, 09:06:18 am »
Во каталог најдов Generator Pulley 31141-PLZ-D00, но не знам дали е ова што треба да се смени. На гугл со оваа шифра не успеав да најдам афтермаркет дел. Друго pulley не успеав да најдам во каталог. Сега прашање е колку вкупно шајбни има.

Јас не се разбирам многу, ама еве сакам да научам некои работи.

Прво да дефинираме што е тоа шајбна
Цитат
Плочка со кружен облик која се поставува под навртка
или сликовито:


каде во случајов некакви шајбни имаат некаква врска со каишот?

Второ тоа Generator Pulley 31141-PLZ-D00 ти е ременица како што кажа Igor, на алтернаторот, или како се вика поинаку, лагер на алтернатор?

Трето ме интересира, еве јас не знам, дали браздите каде што поминува линискоит каиш низ ролери, затегачи, едно, друго, трето... можат да се потрошат, прошират?
Ако претпоставувам се метални, тогаш гума вс метал металот секогаш победува, па во случајов каишот се потроше или гумата од ладното се укрутува или собира и има малку простор да се движи лево десно и свири од триењето?

Глупаво размислувам?

Ако не, тогаш да се смени каишот ама од друг производител да се земи. Иако сите се исти во димензии сепак не се исти во компонентата, што знам.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #10 на: 21 Ноември 2016, 14:17:23 pm »
Good point :)

Јас сега ќе додадам 4то прашање. Дали доколку нов каиш не е коректно инсталиран, може да се оштети во рок од 6 месеци (~3500км)?

За второто прашање, како што реков, не знам дали делот што  го најдов има било каква врска со ПК каишот. Во каталог ПК каишот е Generator Belt, а овој дел Generator Pulley, па само претпоставуваам дека двата делови се поврзани.

За третото прашање ми се допаѓа логиката, но ќе треба некој постручен да одговори.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #11 на: 21 Ноември 2016, 14:47:41 pm »
Тој каиш може да свири на ладно поради неколку работи: презатегнатост, дотраеност на каишот, да не се во линија каишниците што ги поврзува - да биде закосен.

Види што се поклапа со ова кај тебе и реши си го проблемот.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #12 на: 21 Ноември 2016, 15:03:04 pm »
Тој каиш може да свири на ладно поради неколку работи: презатегнатост, дотраеност на каишот, да не се во линија каишниците што ги поврзува - да биде закосен.

Види што се поклапа со ова кај тебе и реши си го проблемот.

Според ова што го кажуваш, не треба да е до шајбните како што ми кажа мајсторот? Претпоставувам дека ова го проверил, но бидејќи не бев присутен не можам да тврдамм дека ова веќе го проверил.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #13 на: 21 Ноември 2016, 16:04:57 pm »
Сега гледам дека кај тебе е вибрациона каишницата за пк каишот, запали ја колата и зирни дали е во дебаланс. Ако е права и не фрла на страна, тогаш не е до неа.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #14 на: 21 Ноември 2016, 16:53:34 pm »
Не знам дали точно го разбирам ова "фрла на страна", но не можам да приметам нешто специфично кога врти каишот. Кога ќе прекине свиркањето, пак исто си врти како што вртеше претходно, не гледам никаква промена.

Ќе ставам видео утре.
« Последно менување: 21 Ноември 2016, 17:00:38 pm masterwu »
Honda Civic 1.7 CDTI '05