Автор Тема: Свиркање на ПК каиш на ладен старт  (Прочитано 7404 пати)

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #15 на: 21 Ноември 2016, 21:51:06 pm »
Другар ај види дали имаш ти куплунг шајмна на алтернаторот и дали е исправна? и да пробаш со помал каиш за 5мм, и дали кога работи во лер затегачот мрда или мирно стои?
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #16 на: 21 Ноември 2016, 22:43:35 pm »
Другар ај види дали имаш ти куплунг шајмна на алтернаторот и дали е исправна? и да пробаш со помал каиш за 5мм, и дали кога работи во лер затегачот мрда или мирно стои?

Хммм да се разбирав, ќе го проверев сето ова што го кажа :)

Доколку ја има се гледа кумплунг шајмната кога ке се крене хауба или скриена е? Истото прашање и за затегачот. Ако мисилш дека ќе можеш сето ова што го кажа да го видиш преку видео, супер, ќе ставам утре.

Едит: Линк до каталог/шеми ако ти помага.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #17 на: 21 Ноември 2016, 23:04:19 pm »
Го знам моторот јас, па добро би било ако направиш едно видео од близу, кога ќе ја запалиш земи едно шишенце вода со тебе и кога ќе квичи малку капни вода на каишот да видиш дали ќе престане, затегачот е тој со железното лагерче со бразда на средината и ќе гледаш дали вибрира, а за кумплуг шајмната ако се гледа алтернаторот дали има гумено капаче од напред или е отвор со штраф.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #18 на: 21 Ноември 2016, 23:09:40 pm »
Го знам моторот јас, па добро би било ако направиш едно видео од близу, кога ќе ја запалиш земи едно шишенце вода со тебе и кога ќе квичи малку капни вода на каишот да видиш дали ќе престане, затегачот е тој со железното лагерче со бразда на средината и ќе гледаш дали вибрира, а за кумплуг шајмната ако се гледа алтернаторот дали има гумено капаче од напред или е отвор со штраф.

Важи, фала ти. Пред неколку месеци кога го прснав со вода, од мало свиркање се претвори во константо свирење. (од цр-цр-цр-цр се претвори во црррррррррр :)) )
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #19 на: 21 Ноември 2016, 23:24:23 pm »
Ај да си земеш ти помал каиш малку а, снимај клипче ама ова  е најефтиното за старт.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #20 на: 21 Ноември 2016, 23:30:34 pm »
Ај да си земеш ти помал каиш малку а, снимај клипче ама ова  е најефтиното за старт.

Препорака за некој бренд? Contitech?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #21 на: 21 Ноември 2016, 23:37:41 pm »
Кој најдеш во продавницата што ти е најблизу, contitech, dayco, powergrip, lucas и др. барај 1270 штом сега имаш 1275.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #22 на: 22 Ноември 2016, 00:27:25 am »
Грешка сум бил претходно. Мојот е 1620мм за модел со клима (1275мм бил за модел без клима). Моментално овој е точниот модел што е инсталиран: Gates 6PK1620XS.

Да пробам со 1615мм или уште пократок?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #23 на: 22 Ноември 2016, 16:28:37 pm »
Не успеав да ги најдам деловите што ги опиша. Еве линк до неколку слики, можеби се гледаат: https://imgur.com/a/2HuAw

Еве и видео. На прво прскање со вода, звукот престанува некоја секунда па потоа цвичи малку повеќе од претходно.


Снимано е во portrait бидејќи не се гледаше баш најдобро во landscape ориентација :)
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #24 на: 22 Ноември 2016, 22:56:21 pm »
Пробај со 1615 и мислам ќе се среди, до самиот каиш е, ти ако можеш земи 1610 и 1615 и ако може мајсторот помалиот да го намести добро, ако не поголемиот. другиот ќе го вратиш, или некоја бројка приближна +/-2
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Свиркање на ПК каиш на ладен старт
« Одговори #25 на: 26 Декември 2016, 00:41:17 am »
Изгледа го решив проблемот.

Каишот што го извадив лани беше Contitech 1623mm и со него немаше никакво свиркање. Бидејќи Gates каишот што го ставив веќе беше пократок и кај него се појави свиркањето, решив да пробам со нов Contitech 1623mm. Кога го стави мајсторот новиот каиш, ми рече дека наводно пролизгувањето на каишот се случувало поради материјалот на надворешниот дел од каишот кој што бил од неквалитетна гума. Сега, ќе видиме после месец два дали повторно ќе се појави свирќањето, засега одлично си работи.

Ви благодарам на сите што потрошивте време да помогнете :)
Honda Civic 1.7 CDTI '05