Здраво Звоне
Еве ти една моја препорака.
М54ка како што гледам би била варијанта кај е39 или Е61. Тој мотор искрено нема многу разлика од М52ту, буквално истите проблеми им се заеднички. Улје може да пушта од дихтунг на капак на глава, од кукиште за филтер за улје, ако има нестабилни вртежи можно е вентилот за маслена пареа (искрено незнам како правилно се вика ова). Потоа знаеш ваносот да нема некој звучи и ако работи добро нема некој конкретно други проблеми.
Е сега Н52 тој би бил ако земеш е61 или Е91, најдобар избор е 330и од 2006та година зборам за моќност меѓутоа посебно внимание да обрнеш на, капак на вентил од него знае да пушта масло , а затоа што има електронски серво мотор за варијабилна контрола на вентили, треба и дихтунг за него и исто има еден семеринг на сензор електронски еден што се наога внатре што ги чита вредностите на ваносот, знае да се зезне и ке приметиш што колата на лер нема да работи најрамномерно , а ако се сјебе скроз нема ни да работи. Потоа бидејки кај Н52 бмв одлучиле да користат некој легури со магнезиум сите штрафови со кој се штрафи капакот а исто и картерот се од алуминиум и со годините знаат да се истегнат /скинат олабават и да пушта масло од таму. Но најмногу да внимаваш на алуминиумски штрафови кој ги користат за затегање на главата за блокот вкупно се 4, 1 е од надвор а 3 се внатре во главата, тие се како дополнителни штрафови што ја стегаат главата за блокот околу ланецот, е тие знаат да се скинат и ако се вози долго време со тие скинати веројатноста е дека ке треба дихтунг на глава да се мења.
линк -
http://www.pelicanparts.com/BMW/techarticles/BMW-3-Series-E90/ENGINE-Cylinder_Head_Bolt_Testing/ENGINE-Cylinder_Head_Bolt_Testing.htm Мегутоа доколу овие неколку работи се супер н52 е неверојатно добар мотор, мојата 330 просек ми дава на отворено 8/100 има многу сила 6 брзини ке спие на автопат, прв пат мотор на бмв не ми троши ни капка улје
