Автор Тема: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer  (Прочитано 47298 пати)

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #90 на: 21 Ноември 2016, 23:22:41 pm »
Честитки и безгижно возење, него кога го отвориш гепекот има дупли штопови внатре??
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг:
« Одговори #91 на: 22 Ноември 2016, 00:05:47 am »
Брод! Добар избор со здравје да го тркалате

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #92 на: 22 Ноември 2016, 00:37:45 am »
И да не е металик, те боли цев. Колата е коска, има топ опрема и одлични седишта.

Па и не ме боли нешо цевот многу многу, океј ми е бојата.

Честитки и безгижно возење, него кога го отвориш гепекот има дупли штопови внатре??

Да, пошто задните светла се дигаат нагоре со вратата:



Брод! Добар избор со здравје да го тркалате

Фала, со убаво да се враќа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2647
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #93 на: 22 Ноември 2016, 01:01:05 am »

Баш се загледав сега. Зошто дупли штопови, би се возело со отворен багажник?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #94 на: 22 Ноември 2016, 09:28:34 am »
Не, повеќе се за да бидеш видлив на пат ноќно време ако застанеш и отвориш багажник.

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #95 на: 22 Ноември 2016, 09:44:57 am »
Одлична количка. Со среќа да се служи.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #96 на: 23 Ноември 2016, 20:35:44 pm »
 ;D Ke i stavime keramika koga ke dojde  ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #97 на: 25 Ноември 2016, 19:27:20 pm »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #98 на: 25 Ноември 2016, 19:35:25 pm »
sto ubavo izgleda vnatre kilometraza osvetluvanje enterier mmmm meraci

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #99 на: 25 Ноември 2016, 22:28:06 pm »
Кога ја зема, кога помина 174.000км... :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #100 на: 30 Ноември 2016, 00:29:38 am »


Ибицата ми беше „Зорица“, Леонот „Миладин“, Лансерот „Сер Лансерот“, ама ко шо тргнало, изглеа оваа ќе треба „Елса“ да ја именувам :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #101 на: 30 Ноември 2016, 01:36:08 am »
Ија...замрзнала скроз!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #102 на: 30 Ноември 2016, 14:13:06 pm »
Ајде Веле, импресии, ревју?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #103 на: 30 Ноември 2016, 16:19:48 pm »
Некој спомна, а сеа го приметив и ја, дека управувањето е сенслес. Не е до толку „одвоено“ како да нема врска меѓу воланот и тркалата, како кај Ситроен Ц5, ама фали фидбек. Кај Лансерот тоа се смени при промена на тркалата, па ќе видиме (здравје) дали и тука тоа ќе биде случај.
Одамна не сум возел дизел, па малце чудно ми падна... Она што приметив, во своевидна споредба со Пасатот на татко ми (2.0 ТДИ ПД 140 КС, 2008 година), е дека многу порамномерно ја добива и распоредува снагата (што не е чудно пошо е комон рејл, не ПД), и е значително порафиниран и потивок моторот при споро, градско возење. Комфорна, цивилизирана, со фино држење на патот. Поприлично безосетно дигнав 120, на патчиња кои не се наменети за толкава брзина. Мењачот ми праи мерак - многу убаво лежи во рака и е доста прецизен. Не е зглобен како на Лансерот, ама па не е ни безосетен и млитав као на пример на старите Хјундаи И30.
Би било подобро надворешните ретровизори да се поголеми. Прегледноста наназад низ средниот ретровизор е релативно т'нка, ќе треба чоек да се навикне на тоа.
Седиштата се перверзии.

Горенаведеното сеуште важи :)
Дополнително, согласно досега тестираното, до кај 180 нема гајле, си ги оди ко од шала, не е премногу бучно внатре ни при тие брзини. Дури ни звукот од гумите не е интрузивен. Секоја чест за изолацијата.
Според борд компјутер, до сега има поминато околу 800 км, со просек од 6.2 л/100 км, и има уште околу 1/4 резервоар останато. Накнадно ќе морам да известам за потрошњата, пошо од тие 800 км, јас ја имам околу 300 и нешто возено, башка немаме турано гориво до сеа, така да, бројкиве не се од мене :)
Ми се допаѓа ергономијата, ми се допаѓа што се' е каде што би очекувал да биде. На почетокот ова не беше случај со контролите за темпоматот, ама сега веќе ми стана јасно зашто се на таа позиција т.е. лево на воланот, а не десно. Тука темпомат си користам и низ град, па полесно е за баратање и многу подостапни си се контролите каде што се, отколку да се на десниот крак, или лево подолу (како кај Пасат на пример). На Инсигнијата можам да го контролирам темпоматот со потпрена рака на вратата, на Пасатот не можев, а побитно е да може човек да регулира и контролира брзина, отколку радио, така да, како што кажав, сега веќе ја сфаќам позицијата на контролите за темпоматот.
Мењачот е одличен, прекрасно лежи во рака и многу добро си паше со моторот.
Подвозјето е солидно нагодено, комотно ама не е бродесто, а не е ни престегнато да секое камче и нерамнина ти влага у бубрег.
Без било какви потешкотии и/или филозофии си го поврзав телефонот и AUX уредот, а и баратањето со опциите за возилото се многу едноставни и лесни. Кудос за Јузер Интерфејс :)
Иако целата задна врата се отвара, не требаат 5ца за да ја дигнат нагоре, или да ја затворат :)

Негативности и/или забелешки:

Се случува да се појави мало тропкање при извесни обртаи, од пластиките каде што се превиваат појасите на Б столбовите. Благ допир со рака го решава тоа.
Се појави безвезно тропкање на пластика што ме извади од памет и ме иритираше, ама се испостави дека е клизниот држач за чаши на средишната конзола (меѓу рачната и потпирачот за рака). Го поместив држачот на друга позиција и сега нема гајле.
Паркинг сензорите знаат да штрајкуваат. Се дешаваше и кај Лансерот, ама на Лансерот беа накнадно ставани, овие се фабрички. Пријавено во Опел, треба да го средат.
Нема светленце над совозачкиот сонцобран (пријавено од жена ми :))
Нема 12В приклучок во багажник. Ова стварно ме нервира, очекував да има >:(
Предните прозори не се затвораат со далечинско. Не знам дали е поради тоа што задните се на рачки или не, ама би очекувал да може барем да се затворат, со комбинација од стисоци на дугмето на даљинското.
Нема премногу места за одлагање ствари низ кабината. На пример, ако носи човек две термосчиња со кафе, нема да има телефон кај да стави.

Тоа би било сеа за сеа. Се надевам дека негде на средина на декември ќе имам германска дозвола, па ќе можеме поише да ја користиме колата и да видиме што има да ни каже. Сега за сега сме исклучително задоволни од изборот што го направивме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia 2.0 CDTi Sports Tourer
« Одговори #104 на: 30 Ноември 2016, 16:44:48 pm »
....

Што се случува ако стиснеш и држиш на копчињата за заклучување/отклучување?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.