Автор Тема: MERCEDES BENZ W124 COUPE  (Прочитано 8897 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #15 на: 01 Јануари 2017, 20:13:17 pm »
Одлично изгледа само не ми се свиѓа ова со сечењево :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #16 на: 01 Јануари 2017, 23:04:48 pm »
Јас ги имав сечено на претходниот Меган, немаше никаква разлика во вожњата. Исто и брат ми еве скоро 2 години кај шо ја вози така, не паднал ни амортизер ни ништо... инаку кај нас во оваа чудесна Македонија ми бараат 15 000 денари за 2 спирали  :o

p.s си има "правило" кој спирали е безбедно да се сечат, а кој не.  Од три типа само едни се сечат, другите 2 не е препорачливо.
« Последно менување: 01 Јануари 2017, 23:10:06 pm n1kola »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #17 на: 02 Јануари 2017, 00:49:45 am »
Ниедни спирали не се безбедни да се сечат, ама у недостаток на финансии да си го праиме меракот, се лажеме себе дека сечење спирали е добра работа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #18 на: 02 Јануари 2017, 01:56:38 am »
Ниедни спирали не се безбедни да се сечат, ама у недостаток на финансии да си го праиме меракот, се лажеме себе дека сечење спирали е добра работа.

QFT. Тоа е тоа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #19 на: 02 Јануари 2017, 02:34:12 am »
Ниедни спирали не се безбедни да се сечат, ама у недостаток на финансии да си го праиме меракот, се лажеме себе дека сечење спирали е добра работа.


Well, noooot really.

Нема никаков проблем да се сечат спирали се додека се прави како што треба и со „усул“ :)

Притоа, само стандардни спирали се сечат, а не рамни (square) и pigtail.

Сум имал две возила на кој сум сечел спирали (круг и пол) и немало никаков проблем. Проблем настанува кога се сечат повеќе кругови или термички се уништуваат спиралите.

Пре би сечел спирали него вакви глупости да ставам




Како год било, се знае што се справи за спуштање на возило. Промена на соодветни спирали.

Подобро решение од тоа амин.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #20 на: 02 Јануари 2017, 02:41:02 am »
Не би рекол дека нема проблеми со сечени спирали. Фабричките спирали се направени да функционираат со фабричката еластичност од Х кругови на нив. Ако им отсечеш 1.5 кругови, они ќе функционираат со Х-1.5 кругови и МНОГУ полесно амортизерот ќе стига до bump-stop, а со нашиве ретардирани патишта, два „узастопни“ удирања во bump stop обично значи ендек.

Среќа што FORD Retro Style знае дека сечени спирали се проблематични и има намера да ги замени со соодветни пониски.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #21 на: 02 Јануари 2017, 11:37:59 am »
Немам пари за кабриолет, а мерак ми е да имам еден,  па еве земав на колава со усул и' го исеков кровот (значи многу пазев стварно) и мука неам веќе неколку години, си шиба, главен џомба сум у маало.

Бајрам на паметот колку ти душа сака. Спирали едино се сечат пошто немаме пари да си купиме какви што треба, и затоа се убедуваме дека тоа е во ред, пошо сме пазеле и со усул сме ги сецнале.
Ако до толку мора да се спушта кола, земи штеди, тргај на страна колку можеш, собери и купи како што треба, не измислувај топла вода у меѓувреме. Не е безбедно ни за возачот, ни за патниците, ни за било кој друг во непосредна околина.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Одг: Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #22 на: 02 Јануари 2017, 11:51:12 am »
Не би рекол дека нема проблеми со сечени спирали. Фабричките спирали се направени да функционираат со фабричката еластичност од Х кругови на нив. Ако им отсечеш 1.5 кругови, они ќе функционираат со Х-1.5 кругови и МНОГУ полесно амортизерот ќе стига до bump-stop, а со нашиве ретардирани патишта, два „узастопни“ удирања во bump stop обично значи ендек.

Среќа што FORD Retro Style знае дека сечени спирали се проблематични и има намера да ги замени со соодветни пониски.
Зошто значи ендек? Каде си видел тоа  дека било до сечена спирала? Тоа е парче челик и можеш што сакаш да му правиш.
Види.
Мечкава со сечени спирали е пак 10 пати постабилна од ZX со несечени. А веројатно и од ксара со која немам искуство. Значи на потполно истата дупка ксарата има значитлно повеќе шанси да ендекира иако нема да ботом аут.

На мечкава дека не и личи да сечеш од принципиелни причини, не и личи. Мене и онака ми личи бајаги нискичка и доволна.
Ама да не се залажуваме дека реално ќе има некој ефект. Јас разбирам да се правиме поштени и надмени дека тоа било незнам си што. Ама затоа постои моделирање и пред се математика. За да можеш да увидиш што ќе се случува со одреден модел. Ако добро пресметаш ќе увидиш дека пониското тежиште значително (!) ќе го подобри држењето на колата и дури и во случај на ботом аут нема да се наруши траекторијата ништо повеќе од нормално.
Не викам да се сечат непромислено спирали, ама особено не викам да се преувеличуваат ефектите од истото.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #23 на: 02 Јануари 2017, 12:00:00 pm »
Топ е у место дур стоиш. Кога различно ќе се понаша колата напред,назад, лево и десно не е баш топ. Не е ни баш топ кога ќе рипа колата во сред кривина.

Отсутен FORD-Retro_Style

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 103
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #24 на: 02 Јануари 2017, 12:09:14 pm »
Другари да не претеруваме со непотребни коментари, пишува убаво дека спиралите се сечени привремено и во исто време да имам некоја претстава кои спирали најмногу би ми одговарале.
За колата ќе се купат соодветни амортизери и спирали и се ќе си дојде на место.
Колата не ја товарам не ја возам по автопат така да ќе се тркала низ град со вакви спирали ПРИВРЕМЕНО.
Моментално е на 16ките и нема никаков проблем.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #25 на: 02 Јануари 2017, 12:24:40 pm »
Според мене, треба да се обрати особено внимание и на избор на бандаши и на висина на W124 coupe, за да изгледа прописно. Еовака на пример:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #26 на: 02 Јануари 2017, 12:52:53 pm »
Симo сo бичкијaтa :D
Бaтaли спирaлите, мечетo изгледa oдличнo!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #27 на: 02 Јануари 2017, 12:55:57 pm »
Крш е мечето, нека Симо нека даде паметна препорака.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #28 на: 02 Јануари 2017, 17:47:23 pm »
Стварно на првите две слики од темава во првиот пост изгледа совршено, а после тоа е значително влошена состојбата. Којзнае што се случило или дали е истата кола.

Отсутен FORD-Retro_Style

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 103
Одг: MERCEDES BENZ W124 COUPE
« Одговори #29 на: 26 Февруари 2017, 11:39:55 am »
Kolata e prodadena!