Немојте да си го губите времето со одење овде.
Патував 250 километри, од едниот до другиот крај на МК. Имаше Мазда 6, и 2 Опел Астри. Маздата целосно изгниена, плус замаец, моторот тропа. Астрите и двете продувани, едната имаше и некое средство ставано за затнување на пукнатини и дува меури ладна... Другата бетер...
И што кажа претходно колегата, ми вели нормално е тоа. Му викам, значи Маздата што не дува расипана е (оваа скапаната со замаец)? Си молчи човекот...
Од лошо полошо. И немаше две стакла што се повторуваат со истри броеви.
Јас би препорачал Кавадарци, има неколку авто плацеви со доста добри возила.