Автор Тема: Потпирачи за рака ( armrest ) за голф 5 или за било која кола??  (Прочитано 8358 пати)

Отсутен Kiklop

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Некој да знае кај има да се купат или да се нарачаат квалитетни потпирачи за рака ?? Пожелно е за голф 5 кој знае ако не за било кој кола само да се поквалитетни

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Пробај да најдеш Armster 2(www.rati.hu) кај нас незнам дали ги има ама кај комшииве го има за 100€, мада најдобра варијанта ти е да видиш по одпадиве дали ќе најдеш.

Отсутен Kiklop

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
океј фала ти ке проверам али у Македонијава наша да нема нигде мајку му??

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Автолидер во Чаир, ама квалитет - спрема парите.  :D

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг:
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2016, 18:08:46 pm »
гoлф 5 не би мoжел дa зaмислaм сo друг oсвен фaбричкиoт пoтпирaч :) прoбaј тетoвo , сигурнo ќе нaјдеш

Sent from my LG-D802 using Tapatalk

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Ја сакам 2-ка да си земам за кај мене од овој модел



Armster 2. 100 евра.
« Последно менување: 22 Октомври 2016, 19:34:33 pm Allexxander »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Отидов на странава на производителот на Армстер, rati Унгарија, направив акаунт со адреса, изгледа не се плаќа шипинг директно од кај нив. Им пишав мејл да се осигурам.





Ова се 5900 во наши пари. Знам скапо, ама не ми се буши пластика од рачна за автолидерски фушерајски :) Ако биде да биде убав и да трае.

Е сега не знам колку ќе ме опнат царина, ако знае некој нека пише.
« Последно менување: 27 Октомври 2016, 16:52:53 pm Allexxander »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
А овој како се монтира?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Едноставно е, 4 штрафа се, само што ја би стаил уште 2, по еден од двете страни да биде поцврст. Иначе ќе си биде исто како фабрички, далеееку е подобар од универзалните, бидејќи долниот држач кој се штрафи се уклапа со рачната убаво, дизајниран е за таа пластика од рачната, за таа форма.

« Последно менување: 27 Октомври 2016, 19:13:37 pm Allexxander »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
За жал нема бесплатна достава за Мк, се консултирав по мејл, па вака иде.

38 евра со Fedex ( 3 дена достава) + царина вклучена

32 евра Fedex ( 5 дена достава) + царина вклучена.

Така да не е скапо бидејќи кога би нарачувал од ибеј со обична достава која ќе чини помалце, ќе платам царина 25 евра сигурно а ќе чекам многу подолго. И ќе искочи исто.
« Последно менување: 28 Октомври 2016, 14:33:06 pm Allexxander »

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Контактирај го застапникот во Србија и прашај дали може да ти испорачаат до Прешево, Бујановац па да тркнеш да го земеш.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Абе јас зборев со нив вчера на фб мсн, моментално го немаат во следеча пратка, небитно. Они немаат достава и наводно не можат туку така да го пратат. Односно имаат достава само до одредени места во Србија ама рекоа можда ќе се договориме некако . Ќе гледам прво со нив да се договорам, да не испадне после исто сум платил како со федекс директно од rati. Ако ми го испратат некако бесплатно па јас да тркнам 100тина км да го земам ми одговара.

Него ќе прават ли проблем нашите ќе сакаат да го царинат или нема? Нели нешто над 300 евра царинеа или како беше. Или да го распакувам?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Ќе си пријавиш дека имаш предмет за лична употреба со вредност од икс евра и доказ-фактура за вредноста. Ако им текне да ти отвараат багажници и слично и им стане сомнително ќе те малтретираат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Не ми паѓа на памет да плаќам царина доколку одам на таа варијанта со лично подигање, ама ни на крај памет. Ако веќе плаќам ич не одам, ќе си го порачам преку Федекс и ќе ми го донесат дома. Вака и пат гориво и царина ѓавол ипол.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Преку пошта побгу ќе платиш царина отколку да го пренесеш преку граница.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need