Здраво на сите

Полека се ближи времето за купување на некое количе.
По многу разгледување по интернетов, Top Gear и YouTube видеа, ми легнаа некако Алфите.
Е сега, за почеток, се мислам помеѓу GTV (перверзниот дизајн, 2.0 тс или 2.0 турбо, и двата прекрасни моторчиња) или 75 (мотор напред, мењач позади, како што прочитав некаде "личи на цигла се движи како балерина", 2.0 тс).
Малку повеќе гравитирам кон 75ката, погонт позади!!
Некои совети/инфо за коливе? Потрошувачка, одржување... По огласите има неколку GTVа, но ниту една тс 75ка, би можело да се најде?
Ви благодарам однапред
