Автор Тема: Грдото пајче  (Прочитано 10799 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Грдото пајче
« на: 22 Октомври 2011, 02:44:17 am »


teaser ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Грдото пајче
« Одговори #1 на: 22 Октомври 2011, 02:49:51 am »
Дали е тоа новиот BMW 1?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Грдото пајче
« Одговори #2 на: 22 Октомври 2011, 11:35:55 am »
Иди у к*рац бе Веле. Кога го прочитав насловот си помислив уште една тема во која ќе се гуши за Киаундаи или против VW.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Грдото пајче
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2011, 13:06:46 pm »
Uste sliki!!!!!!!! Ne krij!!!!!!!!!!!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Грдото пајче
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2011, 19:25:15 pm »
Уште на старт да се извинам поради слабиот квалитет на фотографиите, арно ама батериите на блицот ми откажаа љубов, практично после 2-3 штракања, па морав да барам алтернативни начини :-\













































Очигледно дека се работи за новата серија 1 на БМВ, претставена во две варијанти: Урбан и Спорт.

За чудо, во живо не изгледа толку лошо како на официјалните фотографии, арно ама, тешко дека ќе може да освои некои награди за убавина. Повторно ја имаме карактеристичната долга хауба, пред која се наоѓаат несекојдневните светла, чија форма, во комбинација со големите отвори за воздух, несомнено делуваат поларизирачки и чудно. Може слободно да се каже дека делуваат за нијанса вулгарно, па дури и одбивно. Гледано отстрана, се забележува динамичкиот пристап на дизајнерите, па овој пат „Единицата“ изгледа постегнато во однос на претходникот. Неизбежна е аналогијата со спортска обувка, но, подобро да е обувка, отколку стар кауч, пропаднат на средината, како што беше случајот со минатата генерација, поради надолно закривената линија која се протегаше помеѓу двете осовини. На задницата, нема премногу експерименти, дури делува за нијанса здодевно. Задниот ветробран е повторно низок, со што се ограничува видливоста, додека обликот на задните светлосни групи, и распоредот на компонентите во истите, предизвикуваат дискретен поглед кон последната генерација на VW Polo.

Е во внатрешноста веќе, работите се менуваат. Двете насоки кон кои се движел развојот на новата серија 1, се многу позабележливи токму тука. Се разбира дека не’ пречекува онаа специфична прецизност, дефинираност и функционалност карактеристична за сите Баварски модели, и нормално, се подразбира дека чувството на квалитет и префинетост преовладува пред се’ друго. Дури и пред впечатокот дека има недостаток на простор, и на предната, и на задната клупа. Кога сме кај задната клупа, пристапот до, и надвор од истата бара редовно практикување на јога од страна на корисникот, бидејќи отворот на задната врата е низок, поради ниското спуштање на кровот, и тесен поради аголот на „засекување“ на задните врати, кој веројатно е последица од преносот на силата на задните тркала. Но, како и да е, на прв поглед изгледа дека понудата на простор и неговата искористливост, е подобрена во однос на минатиот модел, како во кабината, така и во товарниот простор. Кај линијата „Урбан“ се забележуваат посмирени тонови, понаква комбинација на бои на облогите на седиштата, интересни украсни елементи од лакирана пластика, кои ги забележуваме на отворите за вентилација, и на вратите. Кај линијата „Спорт“ пак, верувале или не, преовладува токму спортската и динамична нота! Шегата на страна, бидејќи комбинацијата од темни тонови, и црвено осветлување, проследено со црвени декоративни детали, никого не остава рамнодушен.

Пазарната понуда кај нас за овој новитет, содржи 5 елементи, кај кои 2 ги вметнуваме во таборот „Бензинци“, а остатокот го сочинува таборот „Дизели“. Претставниците на „Бензинците“, се фалат со моќност од 136, односно 170 КС, додека кај „Дизелџиите“ моќноста се движи во доменот 116 КС за најслабиот, и 184 КС за најмоќниот. Потрошувачката кај сите претставници се подразбира дека варира од начинот на возење, особено што сега, BMW со притисок на копче, ни нуди избор помеѓу "Sport" и "Eco Pro". Нормално дека во било која ситуација, членовите на таборот „Дизели“ нудат подобра економија и потрошувачка, нема што тука да се полемизира.

Почетната цена која заинтересираниот купувач ќе треба да ја плати, се движи во рангот од 22 700 евра за најдостапниот модел, до 29 900 евра за најмоќниот дизел.

[текст и фотографија: Кристијан Ивановски]
« Последно менување: 22 Октомври 2011, 19:38:50 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Грдото пајче
« Одговори #5 на: 22 Октомври 2011, 19:32:06 pm »
Најпрестижниот сигурно не е околу 29.900 евра, освен ако под 29.900 евра се подразбира 49.900 евра. Како и да е за 29.900 евра со најмоќниот дизел доаѓаат многу убави раткапни.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Грдото пајче
« Одговори #6 на: 22 Октомври 2011, 19:37:32 pm »
Право велиш... Имене некако евтино ми дојде :)

An edit is in order...

Неам инфо за цени и слично... уствари таа е цената за најјакиот дизел, ама у основна изведба...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Грдото пајче
« Одговори #7 на: 22 Октомври 2011, 19:41:57 pm »
внатрешноста ми праи мерак ама надворешниот дизај не баш..требаше да сменат нешто да биде различно од старото во линијата

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Грдото пајче
« Одговори #8 на: 22 Октомври 2011, 20:07:47 pm »
Веле добра стратегија ти е ова: грд автомобил да се слика без блиц, така што нема да се гледа јасно и ќе испадне поубав ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Грдото пајче
« Одговори #9 на: 22 Октомври 2011, 20:11:05 pm »
Поздрав до Веле. Еве дечкиве им рекле напраите реклама за Кајрон грозотана, и сироти праат пустат, вртат ко киша око Крагујевца за на не ја покажат колата ни еднаш у цела реклама!!! Вака требало и ти да постапиш!


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Грдото пајче
« Одговори #10 на: 22 Октомври 2011, 20:14:01 pm »
Спорт изведбата е супер внатре. Одличен ентериер. Урбан моделот е исто добар, али малку кичњаст.

Позади има повеќе место него во претходниот модел, али во југо имаше позади повеќе место него во претходниот модел. Има некои ситници што се лошо решени, али у глобала ентериерот е добар. Како што рече Велештрумф, во живо е поубаво помалку грдо отколку на слики.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Грдото пајче
« Одговори #11 на: 22 Октомври 2011, 22:04:38 pm »
Мене ова BMW баш ми е симпатично и тоа у целина.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Грдото пајче
« Одговори #12 на: 22 Октомври 2011, 22:58:18 pm »
Ептен одбивно ми е од напред,па уште Урбан изведбата со хромирани бубрези.... :-\
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Грдото пајче
« Одговори #13 на: 22 Октомври 2011, 23:30:07 pm »
Не кликај на цитирано^^.
има миљон слики.
Старото грдо пајче 6 месеци откога искочи, со 118д мотор и М-лук изведба што всушност доаѓаше 1700 евра или така нешто и остали ситници и глупости како 
и 5 врати ја догураа до 31к точно. Знам за сигурно. И ова не е далеку од тоа бројче.

Значи при „полна свест“ и „здрав разум“ дечко иде и дава волку кеш за уред што е срамота да го возиш низ град. За уред кој доколку не би го носел знакчето на БМВ никој жив не би го погледнал. Па за тие пари можеш кола да си купиш.

Да погледнеме што нудат конкурентите за сума помала од основниот дизел на БМВ.












И секако:



И тоа сите наполнети со оопрема и кој-од-кој мотор...


И ти си викаш, чекај мене не ми се свиѓа ниедно од овие (а има и уште многу), ќе си го купам новото грдо пајче. И кога ќе те прашаат „Зошто се одлучи за оваа кола“, ќе немаш ниту еден-единствен одговор освен: „Епа сакав БМВ...“.


П.С. Да се разбереме сегашната 3ка се нуди за 26.000 со 116д мотор или 118 за 27.000 и поприлично опрема, вклучувајкки и М-лук. Што има останато. Па што табиет треба да си за ова да го земеш, не ми е јасно. http://www.tabiet.com/lang/bg/

П.П.С. Ако имаш нешто вишок кешче и сакаш да земеш БМВ за да збираш биџги или нешто слично и ќе земеш топска верзија со пуно опрема од оваа ружоќа, само да потсетам дека за не многу повеќе може да земеш кола која навистина е безобразно јака за се, па и за збирање биџги.
« Последно менување: 22 Октомври 2011, 23:40:41 pm Deni »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Грдото пајче
« Одговори #14 на: 23 Октомври 2011, 01:42:18 am »
Сум фан на БМВ, ама на сликиве од презентацијата на Веле... најубавото нешто што видов се Хостесите.

ЈБГ, ама само сум реален...