Автор Тема: Искуство, импресии, заклучок  (Прочитано 3398 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Искуство, импресии, заклучок
« на: 13 Септември 2016, 12:49:29 pm »
Побарав да најдам нешто слично на оваа тема, нешто како што е Карклуб тестови за нови автомобили, само што овде може да се споделе искуство со секаква кола. Овде има доста членови што смениле по 2-3,5,10+ коли, па дај споделете ваши искуства, како сте задоволни, добри-лоши страни, препорачувате да се купи или да се избегнува. Може и на кратко, лоши и добри страни. Јас не сум некој многу искусен возач и немам многу коли сменето, ама ке почнам од почеток.

1. Renault Clio 1.2 benzin 1996год 500евра БГ табли
Мојата прва кола на која се научив колку толку да возам. Мала, економична, имаше ремус и доста бучна и лута. Не сум имал никакви големи проблеми освен со електрониката на опаљачот и лоши осигурувачи. Ја скапав од возење, како мало дете на лижавче се радував, но на крај на враќање од свадба, премногу пијан, ми излезе едно паркирано ауди а6 караван 2.5 и ја испратив во отпад за 200евра. Сепак си научив една добра лекција, во загуба не сум бил пошто за 500 купена а 200 продадена, неодржувана, први чекори и први лекции, се исплати количето. Би го препорачал за почетници

2.Opel Astra GL 1996год. 82кс  бензин 120 000км 650евра
Втората кола, ме чекаше на аеродром во Гетебург. Исто како и претходната, премногу и се радував, зошто последен пат пред да седнам и да ја возам астрата беше сообраќајката со клиото. Со астрата имам пренесено целиот мебел од Икеа до дома(60км еден правец), во најлоши услови(многу лош дожд), со отворен гепек врзан со церада пошто душеците излаваа не се собираат во хеџбек. Имав проблеми со зглобовите на едно од тркалата, па мајсторот не го намести добро и ми излижа 2 предни гуми, ама 2пати преселување сам со астрата(жената не ми е баш снажна), зимо-лето без никаков проблем, ја продадов пошто си купив нова кола и ја дадов колку да не е беспари(250евра) и ден денес се каам што ја продадов, пошто имаше многу здрав мотор и тоа беше тенк за мене и ме служеше до работа, целиот извалкан прашина ова она... Би ја препорачал колата за секоја пригодба

3.BMW 318i E90 2010год 2.0 бензин 143кс 120 000км 11000евра
Мојата трета кола која и ден денес ја користам и тоа ми беше еден мноооогу голем скок. Отидов 500км само поради колата, претходно мојот избор беше Ауди А5 2010+ и никогаш не сакав БМВ да купам поради нашите сељаци(не сакам да им бидам конкуренција) и многу фукушерска кола ми била, но кога ја видов оваа кола, тоа беше како љубов на прв поглед, бело бмв со црни бандаши затемнети стакла(никогаш не сум ни помислувал или посакувал). Кога отидов и ја купивме, првото седнување во колата, чуство што не верувам дека ниедна кола во иднина не може да ме возбуди. Не знаев што да правам, се фатив за воланот, се сеќавам се држев како ненормален и се тресев и само викав “Леле срц!“ на жената и неколку минути седев така и не можев да се соземам и да кренам, не знам како да го опишам тоа чуство, ама бев пресреќен во животот(можеби најсреќниот момент). Пу, пу фала богу не сум имал некои големи проблеми, секако некои си ситници(слаб контакт на светло, и сл.), со текот на времето помислував да ја сменам за некоја понова, појак мотор, се мислев за 428и, но чуството што го имам кон колата никогаш нема да ја продадам, особено сега кога се потсетив кои чуства ги имам кон колата. За мене лично, колата ми е доволна(иако би сакал барем 170кс најмалку да има), за млад пар како јас и жената, колата ни е петка, сите потреби задоволени. Оваа година патувавме од Шведска до Грција на одмор, тоа можам да го одвојам како долга релација(2 дена пат) и само дали од промената на температурата во Хрватска и во Македонија ми прегорија Н7 сијаличките. Би ја препорачал  да речам за почетници, ама кога би повторно избирал, би земал најмалку 320и или 330д(иако не преферирам дизел, само бензин!)

4.Hyundai i10 2015-2016 бензин
Колата беше рентакар во Мајорка и за такви места каде уличките се тесни, некаде дури и претесни 2 коли да се разминат, количето беше супер. Мало, луто, со 5 врати, без сензори за паркинг, клима, лесно за управување, лесно за паркирање, одлична количка за во град. Не е баш конфортно за повисок и подебел човек, 2пати си бапнав главата на излавање, внатре пластика, не е баш удобна вожната, али јбг не е седан.

пс. доколку има слична тема, или мислите дека темата не е прикладна или штотизнам од која причина не треба да постое, фрлете во канта
« Последно менување: 13 Септември 2016, 14:28:07 pm tjolie »

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #1 на: 13 Септември 2016, 13:50:57 pm »
Реално, таква тема треба. Не само што треба таква тема, туку јас таква функционалност би изградил и на сајтот на Карклуб. Во три-четири главни категории да се опише искуството на поседување на едно возило.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #2 на: 13 Септември 2016, 14:17:13 pm »
1. Peugeot Clio 1.2 benzin 1996год 500евра БГ табли


Оваа кола не постои и би ти било подобро да не обесуваш толку за Алфа, туку да си кажеш што имаш да кажеш на дотичната тема.
Фала за забелешката, грешка моја. Ке речам по втор пат, искрено Симо го сметав прав алфиста и секаде ја бране и чекав он да коментира, али нема веза, него го боцкав цело време, али човекот мислам дека разбра и ме игнорира, само не ми е јасно од 1500 реченици 2пати спомнав алфа и вие се фативте за тоа?? Еве повеќе алфа нема никогаш да спомнам(освен во овој пост за последен пат) ниту пак некоја шега на нејзина сметка да не се лутат некои членови, корисници на алфа.
Не сум баш нов нов член, ама толку да се лутите за банална работа е глупост, али ваше право. Ете горе членот очигледно фан на алфа и мрази буљаши со бмв(не сум баш толку лигав батко или колкав и да си), никаде не сум се правел фраер или сум се сметал за фраер, да ме запознаеш поубаво на некоја седенка со пиво и скара ке видеш дека сум најобичен нормален дечко што сака коли, али тоа е сепак твое мислење и јас го респектирам, за разлика од вас, не смее човек да се нашале.
И да, чудно, мислев дека темата ке биде интересна и доста членови ке споделат искуства и мислење за коли од искуство од возење, ама како и обично(редовно) правецот на темата оди во Офф топик, освен ако истата не е отворена од некој редовен член или админ па МОЖЕБИ ке има неколку онтопик постови. Се надевам дека ке се расчистат сите недоразбирања и би споделиле ваши лични искуства

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #3 на: 13 Септември 2016, 14:22:58 pm »
Имало слични теми како
„автомобил кој најнепријатно ве изненадил“ или
„кои и какви автомобили сте возеле...“ (или нешто така)
колку што памтам...
Ами како сакате, за мене секогаш е добредојдено да читам искуства, ама објективни. Ако почнете пак со тоа - алва е ѓубре или опел нечини или ти си сељак што возиш незнам-што... тогаш најубаво е под итно да се избрише темава.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #4 на: 13 Септември 2016, 14:36:29 pm »
Овде беше поентата да споделете свое искуство од возење на одредена кола, ма да има и мајстори што пробале голем број на коли, мојот прв пост е долг и образложен, ама може да се споделе искуство и во кратки црти, пример добри страни тоа тоа и тоа, лоши страни(секако според себе) тоа тоа и тоа, толку. али ајде, ке видеме дали воопшто ме разбирате која ми беше поентата, пошто веќе неколку членови/фанови се налутија за шега на сметка на нивната марка на кола...................

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #5 на: 13 Септември 2016, 14:52:02 pm »
1. Peugeot Clio 1.2 benzin 1996год 500евра БГ табли
Оваа кола не постои и би ти било подобро да не обесуваш толку за Алфа, туку да си кажеш што имаш да кажеш на дотичната тема.
Фала за забелешката, грешка моја. Ке речам по втор пат, искрено Симо го сметав прав алфиста и секаде ја бране и чекав он да коментира, али нема веза, него го боцкав цело време, али човекот мислам дека разбра и ме игнорира, само не ми е јасно од 1500 реченици 2пати спомнав алфа и вие се фативте за тоа?? Еве повеќе алфа нема никогаш да спомнам(освен во овој пост за последен пат) ниту пак некоја шега на нејзина сметка да не се лутат некои членови, корисници на алфа.
Не сум баш нов нов член, ама толку да се лутите за банална работа е глупост, али ваше право. Ете горе членот очигледно фан на алфа и мрази буљаши со бмв(не сум баш толку лигав батко или колкав и да си), никаде не сум се правел фраер или сум се сметал за фраер, да ме запознаеш поубаво на некоја седенка со пиво и скара ке видеш дека сум најобичен нормален дечко што сака коли, али тоа е сепак твое мислење и јас го респектирам, за разлика од вас, не смее човек да се нашале.
И да, чудно, мислев дека темата ке биде интересна и доста членови ке споделат искуства и мислење за коли од искуство од возење, ама како и обично(редовно) правецот на темата оди во Офф топик, освен ако истата не е отворена од некој редовен член или админ па МОЖЕБИ ке има неколку онтопик постови. Се надевам дека ке се расчистат сите недоразбирања и би споделиле ваши лични искуства

Таман ти е темата, а мојата забелешка беше поради апсолутно непотребното обесување за Алфа. Немаш ама баш никаква потреба да ја кажуваш дали е ваква или таква, освен ако не си имал искуство со кола од тој производител (согласно темата што ја отвараш). Досадно е веќе, не за друго.

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #6 на: 13 Септември 2016, 16:07:47 pm »
Ми поминале многу коли низ раце..ќе се задржам низ оние кои се стварно мои по редослед

1.Fiat Uno 1.1 i 96, купена на старо 2004 кога привршував прва година факултет. најчеста реалција и беше Влае->ПМФ, а после Влае->ФОН. А така помалку често Охрид->Скопје и обратно..од 2004 мај месец до 2008 мај свртев верувале или не со нејзе рамно 160.000. Пари за поправки многу..3 пати комлетна предница менував. На пат никогаш не ме остави.  Али јбг си  ги имаше годинките и 285.000 км кога ја продадов. Моторот беше изненадувачки коска, за Fiat.  Ја продадов скор за делови, моторот беше добар, али предница растресена, скршено совозачко седиште.  без десен ретровизор и со ќелави гуми. Ламела за промена и слично.
2. Peugeot 206 1.9d 71ks,  2003 март, купен од моја страна 2008 април. ја купив со 85.000 и покрај релацијата Влае->ФОН ја развозував во повеќе насоки, плус започнав да работам и малку намалив со вожња. Сменав бандаши од 14 на 15 алумински, сервиси само редовни во Цилаз, промена масло и слично. Додуша беа само 2-3 сервиси во моја сопственост, после 20.000 и ја предадов на мајка ми.
3.Renault Kangoo 1.5 dci 105ks 2010, со 0 километри од Рено салон. Количе со многу опрема и 6-та брзина. Го возев за службени/приватни потреби поврзани со фамилијарната фирма . Со него до сега имаме свртено 155.000 и сме презадоволни. Од пред 2 години го предадов во ексклузивно владение на татко ми, кој го користи исклучиво за службени потреби.
4. Kia ceed's  1.4 98ks април 2014  исто со 0 км . Нова кола, од средната класа. Одлично возило. до сега  18.000 км и сум презадоволен 7.5л/100 км. Од опрема advance ниво со доплата за 16" алумински бандаши.  Едина забелешка е недостатокот на 6 брзина што на поголеми брзини над 110 значително ја зголемува потрошњата и бучавоста. Можда во иднина ако би имало потрба би се ставил плински уред. Се размислувам за следната пролет 16 бандаши да одат на Peugeot 207,  а Kia-ва да добие 17 :D..Ама ќе видиме дали е прво изводливо, а после и финансиите.
5.Peugeot 207 1.4hdi, понежната половина го доби лани  на старо купен од ТИКАН авто плацот во влае. Со 70.000 км...до сега поминати само 6000 км, ради киата повеќе се вози таа. Солидно возило за низ град кога нема услови за возење мотор. До сега никаов проблем, сем на два пати имав проблем со климата , поврзана со електорника, ама дечките во Цилаз успешно се справија со проблемот. И еден скршен ретровизор.
6. Ford Transit connect  2015 купен на ново од МИДА за потреби на фирмата. Задоволен до сега 6.5 л/100 км низ град. возењето малце круто, меѓутоа, незанемарливо во однос на употребата и изведбата на возилото. До сега пројдени 12.000км. Од опрема, сем стандардните електрични отворања на прозри и Централна брава, сигурносни уреди, има и Клима.



Покрај ова во гаража ми се врти и
1.Sym JoyMac 125 cc...2008 година со 35.000 км, до сега никакви сериозни проблеми. Моторчето е оклу 12кс, со што не е баш најснажниот во класата. Максимална декларирана му е 98км/х, успеано да развие 94км/х мерено со ГПС. Троши околу 3.8 л/100км низ Скопје. Пандан на една фиеста или јарис. :(  Има и гиви куфер. Имав проблем со ламелата, варијоматот али тоа е стандардно за сите Sym од тие годишта.
2.Suzuki V-Strom 650 ABS 2007, купен на старо 2012, 3 години активно го возев, па 1 така така, лани ради фамилијарни и бизнис обврски одмараше. Годинава околу 2800км од мај до сега.....Добро моторче, солидно, пресолидно , без никави дефекти само редовен сервис во Сито и вози мишко. До сега има 38.000 км


До сега со сите возила сум поминал добро без сериозни проблеми, редовни сервиси, промена на делови по спецификација и вози Мишко.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Искуство, импресии, заклучок
« Одговори #7 на: 13 Септември 2016, 16:17:23 pm »
@Tjolie, не знам што си пишувал за алфа, бидејќи денес цел ден се возицкаме со фамилијата, дури сега прв пат денес отворам компјутер, ако не ти е тешко, можеш да ми напишеш во ПП тоа што си пишал, може ќе добиеш конкретни одговори од мене, а можеби и не заслужуваат, но би сакал да знам што си тресел :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.